OPEL
АУТОМАКЕДОНИЈА Е ОВЛАСТЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР НА ОPEL ЗА МАКЕДОНИЈА
Сервисниот центар на Аутомакедонија во Скопје е овластен, професионален и максимално опремен за одржување и сервисирање на сите возила од гамата на OPEL во Македонија.
Во сервисниот центар на Аутомакедонија за вашето OPEL возило можете да направите професионална :
- Koмпјутерска дијагностика
- Отстранување на најсложени дефекти
- Редовно и вонредно одржување
- Механички и електронски интервенции од секаков вид
- Дијагностика и сервисирање на клима уреди
- Проверка и подесување на геометрија на тркалата
- Монтажа на аларми, акустика, паркинг сензори, клима фолии
- Монтажа на плински уреди
- Монтажа и балансирање на гуми
- Лимаро фарбарски интервенции
Во Сервисниот центар на Аутомакедонија се вработени голем број на инжинери, мајстори и професионални работници со долгогодишно искуство во работата и голем број на специјалистички обуки и курсеви завршени во Академијата на OPEL.
Тимот на инжинери е на директна, линковска врска со Техничкиот центар на OPEL со кој се комуницира на дневна база.
Во сервисниот центар се користат оригинални резервни делови и потрошен материјал со одлични цени и 24 месечна гаранција на квалитетот.
Сопствениците на возило од гамата на OPEL може да аплицираат и за специјалната Клуб картичка со која добиваат многу поволности и бенефиции при користењето на услугите во Аутомакедонија и партнерските компании во земјата.
СИТЕ УСЛУГИ НА ЕДНО МЕСТО
Во контекст на основната определба на компанијата – на нашите клиенти да им ги понудиме “Сите услуги на едно место”, во комплексот на Аутомакедонија функционира и компанијата АМ ЦЕРТ во која можете да ги добиете и следните услуги :
- Tехнички преглед
- Регистрација
- Меѓународна возачка дозвола
- Дозвола за управување на туѓо моторно возило во странство
- Хомологација
- Атест на плински уреди и клима фолии
- Атест на поправани и преправани возила
Во рамки на Групацијата, на истата локација, функционира и брокерското друштво – АМ БРОКЕР, во кое можете да извадите :
- Полиса за авто одговорност
- Полиса за каско осигурување
- Зелен картон
- Полиса за осигурување на патници
Сервисниот центар на Аутомакедонија е сместен во населбата Автокоманда во Скопје (16 Македонска Бригада бр.2), спроти Шумарскиот факултет.
Дополнителни информации и закажување на сервисен термин на тел. 02 3103 130 или на e-mail : kontakt@automakedonija.com.mk