fbpx

АВТОПЛИН (LPG)

Аутомакедонија е овластен увозник, дистрибутер и сервисер за плинските уреди за возила од Италијанскиот производител BRC.

Плинските уреди на BRC имаат статус на премиум бренд во Европа и како оригинална опрема се вградуваат во многу брендови и модели на возила.

Во нашите сервисни центри се лоцирани специјалните одделенија за гасна техника (автоплин), во кои може да го набавите, вградите, одржувате и сервисирате плинскиот уред за вашето возило.


ЗОШТО ДА ВГРАДИТЕ ПЛИНСКИ УРЕД?

Течниот нафтен гас (Liquid Petroleum Gas) е гориво со пониска цена од бензинот и дизелот. Имајќи го предвид овој факт, пресметките велат дека со вградување на модерниот систем за авто плин на BRC ќе остварите заштеда на домашниот буџет за гориво од 40%.

Уредот за авто плин на Италијанскиот производител BRC Gas Equipment е со врвен и проверен квалитет и со неговото вградување нема да почувствувате никаква разлика во работата на вашиот мотор, никаква загуба на моќноста, забрзувањето или возните перформанси.


За дополнителни информации, контактирајте не на тел 02 3103 130, kontakt@automakedonija.com.mk