fbpx

Аутомакедонија на 62-рото издание на Охридско Лето

И оваа година, Аутомакедонија со гордост е покровител на 62-рото издание на фестивалот Охридско Лето.

Со задоволство го поддржавме овој значаен настан за македонската култура кој 62 години овозможува светски, реномирани уметници да гостуваат и да настапуваат пред македонската публика во Охрид.

Шеесет и второто издание беше отворено со грандиозен концерт на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на Маестро Бицари од Италиа, придружувани од оркестарот на Националната Опера и балет.

Манифестацијата ќе трае 40 дена, а до 20 Август на отворените сцени на Античкиот Театар, Долни Сарај, Центарот за култура и црквата Света Софија, ќе бидат пречекани над 1000 уметници од 25 земји.

На фестивалската сцена на Охридско лето изминативе 62 години се одржани над три илјади приредби со повеќе од 50 илјади уметници од сите страни на светот. Тоа е потврда дека фестивалот по својата единственост, уникатност и неповторливост е еден од столбовите на македонската културна традиција.