fbpx

YUTONG

YUTONG

Аутомакедонија АД е овластен сервисер на возилата на Yutong.

Следејќи ги препораките на производителот на возилатаYutong нашиот сервис прерасна во најголем сервис за Yutong возилата во југоисточна Европа. Опремени со најсовремена дијагностичка опрема и алат успеваме професионално и брзо да одговориме на зададените барања на производителот и клиентот.


Нашите инжинери и механичари континуирано се едуцираат и го надоградуваат знаењето за агрегатите и системите кои производителот ги користи во своите возила.

Опремени со најсовремената дијагностичка опрема спремни сме професионално и ефикасно да ги дијагностицираме дефектите кај моторите на Cummins, менувачите на ZF, кочионите системи на WABCO и останатите системи и уреди кои производителот ги користи во своите возила.

За актуелниот модел на возилото во нашата држава Yutong ZK6116HGS инжинерскиот и механичарски тим од нашиот сервис се стекна со знаење преку обуките кои ги посетуваше дирекно од производителот Yutong во Кина, како и од неговите главни добавувачи на агрегати и системи во Европа.