Аутомакедонија располага со специјален сервис за каросериски поправки (лимарски и автолакерски интервенции) лоциран во новиот сервисен центар во населбата Кисела Вода (во непосредна близина на спортската сала Расадник).
Сервисот е опремен со кабина за фарбање, опрема за извлекување на каросериските оштетувања (Car-o-Liner), специјална опрема и алат кои комбинирани со искусниот кадар гарантираат враќање на вашето возило во идеална кондиција.
Материјалите што ги користиме се од врвни светски производители како што се:
Сервисот е овластен и прифатен од речиси сите осигурителни компании во земјата.
За дополнителни информации Ви стоиме на комплетно располагање.
За релаксирање на вашиот домашен буџет, во сервисот на Аутомакедонија можете да платите до 6 рати, без камата со кредитните картички на Стопанска Банка и НЛБ Тутунска Банка.