Донација на Аутомакедонија

Донација на Аутомакедонија – нова енергетски-ефикасна фасада за ООУ Стив Наумов во Автокоманда

Нова енергетски-ефикасна фасада за ООУ Стив Наумов во Автокоманда

По своја иницијатива и темелно планирање на овој проект од страна на Аутомакедонија, основното училиште Стив Наумов во Автокоманда доби нова енергетски ефикасна фасада. Се работи за дел од училиштето кој не е реновиран уште од самото негово изградување, односно од 1947 година.

„Истражувајќи ги потребите на училиштата во нашата општина, дојдовме до идејата за обнова на фасадата во ООУ „Стив Наумов“. Во договор со општината во која се наоѓа нашиот објект – Автокоманда, заеднички го избравме основното училиште „Стив Наумов“. Примопредавањето на фасадата го усогласивме со почетокот на училишната година, а ќе го продолжиме со уште еден мурал кој ќе биде избран преку ликовен конкурс со цртежи од учениците.“ – изјави Гордица Штерјева, заменик директор на Аутомакедонија.

Со сите чекори за обнова на фасадата објектот добива минимално 20% зголемена енергетска ефикасност, што воедно ќе придонесе и за намалување на вкупните трошоци за енергија на училиштето.

Реновирањето на оваа фасада е само еден дел од активностите кои Аутомакедонија како општествено одговорна компанија ги спроведува во рамки на својата стратешка определба за поддршка на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Сподели
Facebook
Twitter
LinkedIn