Аутомакедонија ја потврдува својата посветеност кон локалната заедница со донацијата на мини-карпа за спортско качување на деца, поставена во Општина Штип. Овој уникатен рекреативен простор е дел од новоизградената пешачка и велосипедска патека покрај реката Брегалница.
Со оваа иницијатива компанијата, компанијата има за цел да ги поттикне младите на физичка активност, спорт и забава на отворено, истовремено создавајќи здрави навики.
-Навистина ми е задоволство што соработката како локална самоуправа ја имаме со Аутомакедонија вроди со плод, преку оваа донација, којашто е вредна нешто повеќе од еден милион денари. Се надевам дека нема да застанеме со нашата соработка не само со Аутомакедонија, туку и со сите други компании коишто се општествено-одговорни и се надевам дека ќе донираат за јавен интерес, вели Иван Јорданов, градоначалник на Оштина Штип.
Аутомакедонија гордо продолжува да поддржува проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот во локалните заедници низ Македонија.