Рент а кар

Auto Union Car Rental

Компанијата Auto Union Car Rental е дел од рент-а-кар бизнисот пoвеќе од 30 години и располага со силна франшизна мрежа на повеќе од 400 локации во светот.

Нашата компанија Ауто 1 Рент во 2024 година стана Auto Union франшизен партнер за Македонија.

Поддржани од долгодишното искуство на Auto Union, ти нудиме беспрекорна услуга за твоето следно викенд или бизнис патување!

Auto1 Rent

Долгорочен закуп на возила

Во своето портфолио Ауто 1 Рент ја нуди и услугата за долгорочен (деловен) закуп на патнички и комерцијални возила.

Ова е идеален начин за финансирање на набавката или обновувањето на возните паркови на компаниите без разлика на нивната големина, при што во месечната рата се вклучени:

  • Трошоци за одржување и сервис;
  • Трошоци за замена на зимски и летни гуми, монтажа, демонтажа и чување;
  • Трошоци и такси за технички преглед и регистрација на возило;
  • Трошоци за задолжително осигурување и каско осигурување;
  • Трошоци за зелен картон и трошоци за издавање на овластување за патување во странство (опционално, доколку возилото патува во странство);
  • Помош на пат.

Наши брендови

KGM Logo
Opel Logo
İSUZU-BUS-LOGO
Cummins Logo

Врзи се, твоето патување почнува тука!

Пополнете го формуларот подолу, и наскоро ќе стапиме во контакт.