Помош на пат

Што е Аутомакедонија помош на пат

Групацијата Аутомакедонија, подготви нов иновативен производ со кој на своите клиенти им овозможува извонредна услуга и дополнителна грижа во случај на вонредни околности.

За жал, непредвидени работи се случуваат кога патуваме. Дефект на автомобилот, дупната гума, празен акумулатор, сообраќајна незгода… Но, со услугата Аутомакедонија помош на пат имате брза и ефикасна помош на која може да сметате во секое време.

Како функционира?

Без разлика дали се работи за несоодветно ракување со возилото (заклучени клучеви, погрешно наточено гориво) или надворешни околности (сообраќајна незгода, пожар, поплава, земјотрес), доволно е да се јавите на 0800 91 457 за повици од Северна Македонија или +389 23 207 935 за повици од странство или со помош на апликацијата Drive Angel. Операторот ќе одговори во рок од 5 секунди, а повикот е бесплатен. Достапни сме 24 часа на ден, 365 дена во годината.

  • Агентот во Call центарот на Аутомакедонија ги прима податоците и организира соодветна интервенција.
  • Во рок од 45 минути техничката екипа пристигнува на пријавената локација и го решава проблемот
Drive Angel

Што е Drive Angel?

Со пакетот Помош на пат, Ви ја подаруваме и единствената Drive Angel апликација. Апликацијата е програмирана автоматски да ги препознава вредностите кои се карактеристични за сообраќајна несреќа и со помош на функцијата E-Call (итен повик) го алармира повикувачкиот центар, кој потоа по потреба ги повикува итните служби (брза помош, полиција, пожарна).

Апликацијата интегрира и други услуги како B-Call (Breakdown call) во случај на дефект, споделување на возењето и разни други предупредувања кои корисникот може да ги избере самиот.

Преземете ја Drive Angel

Пакет АМ Македонија Пакет АМ Регија Пакет АМ Европа Basic Пакет АМ Европа Extra
Контакт центар 0-24h, 365 дена Неограничено Неограничено Неограничено Неограничено
Помош на пат – поправка Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста Повеќекратно, до 9.000 денари Повеќекратно, до 12.000 денари Повеќекратно, до 18.000 денари
Превоз на возило (шлеп) Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста Повеќекратно, до 15.000 денари Повеќекратно, до 18.000 денари Повеќекратно, до 30.000 денари
Достава на гориво Неограничено Неограничено Неограничено Неограничено
Заменско возило Еднократно, до 2 дена, до 3.100 денари / ден Еднократно, до 1 ден, до 3.100 денари / ден Еднократно, до 2 дена, до 3.100 денари / ден Еднократно, до 3 дена, до 3.100 денари / ден
Алтернативен превоз Еднократно, до 3.100 денари Еднократно, до 6.200 денари Еднократно, до 12.000 денари Еднократно, до 12.000 денари
Хотелско сместување Еднократно, 1 ноќевање до 3.100 денари по лице/ноќ Еднократно, 1 ноќевање до 3.100 денари по лице/ноќ Еднократно, 3 ноќевања до 3.100 денари по лице/ноќ
Мобилна апликација Drive Angel Неограничено Неограничено Неограничено Неограничено
Редовна цена 890 денари 1.190 денари 1.490 денари 1.790 денари
Технички и АО 590 денари 890 денари 1.190 денари 1.490 денари