Осигурување

Зошто да избереш осигурителен брокер?

Осигурителниот брокер е секогаш најдобриот избор бидејќи ги штити интересите на клиентот, за разлика од агентите кои го претставуваат нивниот работодавец, односно осигурителната компанија. Користењето на нашите професионални услуги е бесплатно и на никаков начин не ја зголемува висината на осигурителната премија!

Транспарентно, едноставно и персонализирано​

Ние детално ги познаваме општите услови за осигурување на различните осигурителни компании и ги избираме најповолните тарифи и услови за осигурување според твоите индивидуални потреби. Користејќи ги нашите брокерски услуги штедиш време, пари и енергија, а добиваш професионален и искусен партнер!

Што нудиме?

Бесплатно посредуваме во склучување на сите видови осигурување:

  • Имотни осигурувања
  • Транспортни осигурувања
  • Осигурувања од одговорност
  • Осигурување на лица
  • Осигурување на моторни возила
  • Приватно здравствено осигурување
  • Вршиме анализа и оцена на ризикот (потребата за осигурување)

    • Правиме анализа на пазарот
    • Препорака на осигурителното покритие
    • Препорака на осигурителни продукти
    • Помош при избор на осигурителна компанија
    • Анализа и оцена на предложените понуди за осигурување

    Нудиме целосна бесплатна поддршка во случај на настанување на штета

    • Следење на постапката
    • Бесплатна подготовка и поднесување на приговори до надлежните институции во случај на неосновано одбивање на исплата на штетата.

    Запознајте нè подобро

    Во секое време сме подготвени да дадеме бесплатна консултација и да одговориме на сите твои прашања во врска со осигурувањето!