Соработник во ПРОДАЖБА (1 позиција)

Профил на кандидатот:

  • Образование – ВСС, Економски факултет, Машински факултет или некои од факултетите од доменот на природни или општествени науки
  • Без работно искуство или со мало работно искуство
  • Познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Познавање на англиски јазик
  • Добри комуникациски и продажни вештини
  • Посветеност, самоиницијативност, желба за учење и лична надоградба
  • Висок личен интегритет и деловна култура

Работни задачи:

  • Вклученост во продажните активности на патнички, товарни возила и автобуси од програмата на Аутомакедонија, заедно со останатите колеги од продажниот тим
  • Градење професионални деловни релации со постојните и нови клиенти
  • Заедно со поискуни колеги, организирање и реализирање продажни посети на клиенти и деловни субјекти за презентирање на  понуди на специјални и надградени комерцијални и товарни возила и сервисни услуги
  • Понудување и продажба на останатите услуги на Аутомакедонија Групацијата како сервисни услуги, технички услуги за хомологација, атести, регистрација на возила, осигурување, помош на пат и останати услуги од портфолиото

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса: kontakt@automakedonija.com.mk најдоцна до 14.07.2025 година.