СЕРВИСЕН СОВЕТНИК (1 позиција)

Клучни одговорности

  • Одговорен за работењето во сервисот од приемот на возилото, отварање на работен налог па се до реализирање
  • Закажува термини за поправка на возила врз основа на потребите на клиентите и капацитетот на сервисот
  • Врз основа на спроведената дијагностика обезбедува препораки и решенија за решавање на кваровите и проблемите, и обезбедува детални пресметки за трошоците за сервисирање; креира и управува са работниот налог
  • Изготвува конечната пресметка за извршените услуги и обезбедува појаснувања за трошоците
  • Предлага дополнителни услуги кои би можеле да бидат корисни за клиентите;
  • Ги следи техничките достигнувања и ги применува во работниот процес;

 

Барања

  • Висока стручна подготовка (најмалку VIА степен)
  • Со или без работно искуство
  • Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Добри комуникациски вештини
  • Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса: kontakt@automakedonija.com.mk најдоцна до 04.06.2025 година.