РЕФЕРЕНТ за резервни делови (1 позиција)

Клучни одговорности

  • Одговорен е за навремено и точно обезбедување на сите делови кои се потребни за поправка на возилата
  • Оперативно управува со залихите на делови
  • Се грижи сите делови и материјали што се набавуваат да се со висок квалитет и да одговараат на потребите на сервисот
  • Соработува со сервисните инженери / сервисни советници, автомеханичарите и автоелектричарите за да ги идентификува потребите за делови
  • Соработува со магацинот за резервни делови при прием на резервните делови и материјали
  • Врши истражување на пазарот и избор на најсоодветни добавувачи на делови и материјали
  • Должен е да ги следи безбедносните процедури

Барања

  • Најмалку III или IV степен – Средна или КВ стручна подготовка
  • Со мин работно искуство од 1 годинa  
  • Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса: automak@automakedonija.com.mk најдоцна до 31.01.2026 година.