Клучни одговорности
- Одговорен е за Сервисна локација/Сервис, го организира, следи и раководи со работењето во сервисот
- Следи и презема мерки за реализирање на планот на сервисот
- Врши контрола на расходите и да ги оптимизира трошоците
- Одговорен е за ефикасно користење на ресурсите во сервисот (стоки, алатки, опрема и простории)
- Креира извештаи и анализи за перформансите на сервисот со оценка на пазарот и конкуренцијата;
- Ги оценува перформансите на вработените и согласно потребите предлага обуки за развој и постојано усовршување на нивните вештини
- Придонесува во развојот на стратегии за привлекување нови клиенти и задржување на постоечките
Барања
- Висока стручна подготовка (најмалку VIА степен) се преферира машински факултет
- Најмалку 5 години работно искуство
- Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба
Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.
Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса: kontakt@automakedonija.com.mk најдоцна до 14.07.2025 година.