Оваа политика на приватност дава општи информации за начинот на кој Аутомакедонија АД Скопје ги обработува личните податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата.
1. Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Аутомакедонија АД Скопје, со седиште на ул.16 Македонска бригада, број 2 Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
2. Јавни податоци
Нашиот сајт е возможно да го посетувате и користите без да го откриете Вашиот идентитет или какви било други лични податоци кои се однесуваат на него.
При посета на нашата веб страна, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, број на посети, просечно време поминато на страната, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.
3. Лични податоци
При користење на одредени функционалности (апликации, барања) на нашиот сајт како контакт форми, барања за понуда за возило, барање за тест возење, барање за сервис и резервни делови, барање за добивање на новости, известувања и промоции… Аутомакедонија АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), заради користење на нашите услуги и производи и обезбедување на квалитетни информации и услуги. Овие лични податоци може да вклучуваат име и презиме, е-пошта, број на шасија, телефонски број и/или други контакт информации, истите ќе бидат користени во согласност со политиката на приватност и за намената за која што сте ги оставиле.
4. Цели, обработка и употреба на податоците
Вашите лични податоци ќе се обработат за да се администрираат и исполнат вашите барања и, кога е применливо, за персонализиран маркетинг и истражување на пазарот од страна на Аутомакедонија АД Скопје.
Ние како контролор ги обработуваме вашите лични податоци на следниов начин:
Податоци | Намена, цел |
1. Идентификација и контакт детали (Име, е-пошта, тел. бр., поштенска адреса) | Контакт, комуникација и исполнување барања; регистрација/откажување регистрација за билтен |
2. Модел или интереси | Исполнување барања |
3. Интерес за оперативен лизинг / финансирање / рент а кар | Исполнување барања |
4. Податоци за возилото, бр. на шасија, датум на прва регистрација, регистарски број/регистарски таблички, читање на километражата, датум/време за оставање на возилото на сервис, датум/време за земање, тип на услуга, заменски автомобил | Услуга Исполнување барања |
5. Тип на прашање | Контакт Исполнување барања |
5. Приматели на личните податоци
Личните податоци кои Ние ги процесираме ќе ги споделуваме од Аутомакедонија АД до ограничен број на корисници, според целта на обработката, и тоа:
Име на примачот
- Секоја компанија која припаѓа на истата група како Аутомакедонија АД Скопје и групациите на брендовите за кои сме генерални застапници.
- Сeкоја компанија која припаѓа на истата група како Аутомакедонија АД Скопје , вклучена во понудата на услуги што Вие ги побарувате или барате од нас за намените наведени погоре.
Цел на споделување
- За анализата и развојот на производи кои ги нудиме
- За спроведување на маркетинг кампањи, спроведување анкети за задоволство и предлагање на комерцијални понуди прилагодени на потребите на клиентите
- За статистички цели и статистичка обработка над анонимни податоци
6. Употреба на колачиња
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата, а вообичаено ги содржат следните податоци:
- Име на серверот од кој се испратени колачињата
- Животниот век на колачињата
- Вредност – случајно генериран единствен број
Колачињата, сами по себе не содржат, ниту собираат информации, меѓутоа ако серверот ги чита заедно со веб прелистувачот, тоа може да и помогне на веб страната да извршува повеќе услуги.
Некои колачиња се важни за функционалноста на оваа веб-страница и автоматски се активираат кога ги посетуваат корисниците. Некои колачиња ни овозможуваат да им обезбедиме на корисниците услуги и функции кои најдобро одговараат на нивните потреби и да ги прилагодиме нашите услуги за да обезбедиме лесно и брзо работење на веб-страницата.
Колачиња за перформанси
Колачињата за перформанси собираат информации за тоа како корисниците ја користат нашата веб-страница. Тие ни помагаат да ја подобриме функционалноста на нашата веб-страница, да видиме кои области се од поголем интерес за нашите клиенти и да дознаеме повеќе за ефикасноста на нашите рекламни кампањи. Сето ова ни помага да им понудиме на нашите корисници услуги и функции кои најдобро ги задоволуваат нивните потреби.
Ние користиме колачиња за перформанси за:
- Креирање статистика за како се користи нашата веб-страница,
- Преглед на ефикасноста на нашите рекламни кампањи и
- Преглед на групното однесување на корисниците, а со тоа и подобрување на нашата веб-страница.
Веб-бикони и пиксели
Оваа веб-страница може да содржи веб-бикони (исто така наречени „пиксел тагови“). Веб-бикон е често пати транспарентен графички приказ, вообичаено не поголем од 1 пиксел x 1 пиксел, кој се поставува на веб-страница или во е-пошта, а се користи за следење на онлајн однесувањето на корисниците кои ја посетуваат веб-страницата или испраќаат е-пошта. Веб-биконите се користат од страна на технологиите на трети лица за да ја следат активноста на корисниците на оваа веб-страница. Тие дозволуваат да се следи кој компјутер пристапил на одредена веб-страница, кога и од каде (држава/ниво на град).
Не заборавајте дека секогаш Вие имате целосна контрола над колачињата. Повеќето пребарувачи нудат целосно исклучување на колачињата преку опциите, за секој пребарувач посебно.
7. Ремаркетинг
Информациите кои се собираат преку користењето на колачиња („cookies”), може да се користат за ремаркетинг на Google AdWords и Facebook, односно за наше рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот кој претходно ја посетил нашата интернет страницата.
Google, Facebook и останати трети страни прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои ги корисникот ги посетува и користи. Овие „ads” се базираат и на претходните кориснички посети на нашата интернет страница со користење на колачиња.
Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кој Google и Facebook рекламираат до нив со пристапување на следните страници: За „Google”: https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en, и за „Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/ .
Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-прелистувач на начин што ќе ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. “DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот “Параметри” (Preferences) или „Поставки”(Settings) во зависност од типот на веб прелистувач што го користи.
8. Слобода на избор, согласност и ваши права
Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на нашата веб страна. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет страната.
Со потполнување на достапните барања (контакт формите) на нашата веб страна вие сте согласни со оваа политика на приватност и сте согласни да сте контактирани на наведените контакт информации.
Ние во целост ќе ги почитуваме сите ваши права согласно прописите за заштита на лични податоци на Р. Македонија и Општите регулативи за заштита на податоците за припадниците на Европска Унија (GDPR).
Во согласност со постојните прописи за заштита на личните податоци, Вие имате право на пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, добивање на копија од вашите лични податоци за свои цели или да ги пренесете на друг давател на услуги по ваш избор (преносливост), како и право да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци кога овие податоци се обработени за цели на директен маркетинг, да бидете информирани и да не бидете предмет на автоматско донесување на одлуки (профилирање).
Вие можете да ја повлечете својата согласност во секое време. Сите овие права се применуваат во рамките на ограничувањата предвидени со постојните прописи за заштита на личните податоци.
Овие Ваши права може да ги остварите со едноставно барање упатено до Аутомакедонија АД Скопје на е-пошта: office@automakedonija.com.mk
Вие исто така може да го остварите вашето право да поднесете жалба до националниот орган за заштита на податоци со испраќање на вашето барање до Дирекција за заштита на личните податоци https://dzlp.mk/.
Интеракција преку социјалните медиуми
Линкови до социјални медиуми / приклучоци за социјални медиуми
Аутомакедонија АД, Скопје преку дигиталните социјални мрежи Facebook, Twitter, Youtube, LinkedIn, контактира со поединци и пошироката јавност, поради што е важно поединците да се запознаат со правилата на овие мрежи односно, со нивните политики за приватност и поставките за приватност.
За повеќе информации за целта и обемот на обработката на податоците и натамошна употреба на вашите лични податоци од страна на давателите и нивните веб-страници, како и вашите права и можни поставки за заштита на вашата приватност, ве молиме погледнете ги информациите за заштита на податоци на соодветниот давател на услуги.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Аутомакедонија АД, Скопје го задржува правото, повремено да ја ажурира оваа политика за приватност.
Било какви измени во оваа политика за приватност ќе влезат во сила на денот на објавувањето на веб-страницата www.automakedonija.com.mk на Аутомакедонија АД, Скопје.
Аутомакедонија АД, Скопје препорачува сите поединци на кои оваа политика се однесува редовно да ја разгледуваат истата.
Понатамошното користење на веб-страницата или услугите на Аутомакедонија АД, Скопје по објавените измени во политиката за приватност, значи дека се согласувате со промените.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.
Ажурирано во Февруари 2024.