Новиот SKYWELL BE11

Ги отвора вратите кон електричната иднина 

Најлуксузното и најудобното возачко искуство досега

Посакајте му добредојде на Skywell BE11: новиот модерен, забавен и паметен SUV, создаден за безбедно, бесшумно и супер комфорно возачко искуство. И не загадува.

489 километри со едно полнење

Со новиот BE11 може да поминете 489 километри со едно полнење. Овој досег го прави одличен за возење и во град, без обврска за секојдневно полнење, но и потполно сигурен за подлоги патувања. Батеријата има капацитет од 86kWh, a од 20% до 70% се полни на брз полнач за 38 минути – за време на паузата за одмор и кафе.

Безбеден, сигурен и комфорен

  • Напредни безбедносни системи (ADAS ниво 2.5): Адаптивен Cruise control, помош за паркирање со панорамски поглед, Lane keeping assist system, селекција на режим на управување
  • Панорамски покрив
  • Multimedia system со 12.8″ екран на допир 
  • Кожни седишта 
  • Електрична петта врата со интегрирано задно светло со Skywell лого
  • Offline GPS навигација 
  • Безично полнење на мобилен телефон
  • PM 2.5 филтер за честички
  • Генератор на негативни јони

Ова е само дел опремата која доаѓа во трите нивоа на опрема Comfort, Luxury или Luxury Plus.

Гаранција 

Како потврда на квалитетот Skywell BE11 доаѓа со 8 годишна гаранција на батеријата и 5 годишна гаранција на целото возило. Гаранција која се носи рамо до рамо со гаранциите кои ги имаат и автомобилите на фосилни горива од традиционалните производители.

Сподели
Facebook
X
LinkedIn