Во духот на еколошката одржливост и практичност, Аутомакедонија го проширува својот асортиман со новиот бренд FARIZON, кој овозможува моќни електрични комбиња за различни бизнис потреби. Овие возила комбинираат модерен дизајн, високи перформанси и еколошка одговорност, со цел да овозможат поефикасно и економично превезување на стоки. Во понудата се вклучени моделите Farizon Super Van и Farzion V6E Van, секој од нив специјално дизајниран за да ги задоволи потребите на современите бизниси и транспортни компании.
Модерен дизајн
Високи перформанси
Еколошка одговорност
Farzion V6E Van
Перформанси и капацитет за подолги рути
Farzion V6E Van е одличен избор за оние што имаат потреба од висок капацитет и долгорочно транспортно решение со електричен погон. Неговиот електричен мотор и капацитет на батерија од 42kWh овозможуваат досег до 195km и носивост од 1130kg. Основни предности на овој модел:
- Високи перформанси и енергетска ефикасност: револуционерна технологија која овозможува ниска потрошувачка на енергија и високи перформанси
- Longrange: батерии од врвни производители кои гарантираат брзо полнење од 20% до 80% за помалку од 50 минути, со досег од 195 километри.
- Практичност: Двојните задни врати се отвараат под агол од 270 степени од двете страни за да ги задоволат различните потреби за товарење во различни индустрии.
- 6m3простор за товарење: со дизајн на коцка и внатрешна ширина од 1600mm, овој карго капацитет е за 10% поголем во однос на останатите конкуренти во класата. Товарниот под е изработен од челик со висока цврстина дозволува товар и до 1,5T, што е за околу 260 килограми повеќе во однос на останатите конкуренти во класата.
- Направен да трае: Со поминати 5800 тестови и повеќе од 1 милион километри, FarizonV6E покажува одлични возни пероформанси и во услови на високи температури, висока влажност, на големи надморски висини и е отпорен на корозија.
За дополнителна удобност, возачкото и совозачкото седиште се со прилагодување и вентилација, а електронскиот клима уред придонесува за комфорно возење.
Farizon SuperVan
Van-тастичен простор во функција на бизнисот
Со товарен простор до 13m3 , FarizonSuper Van им овозможува на клиентите “13m3 простор за претприемништво”, кој може да се приспособи и да одговори на секое барање. Освен за дистрибуција и товарење, супер-приспособливиот Farizon SuperVAN овозможува различни деловни можности и можности за претприемништво. Кафетерија, мобилна канцеларија, пошта – секоја идеја станува реалност
- Разновиден и приспособлив: големината и капацитетот на товарниот простор можат да се прилагодат за целосно да одговарат на потребите на урбаната логистика.
- Капацитет на батеријата од 66 до 106 kWh
- Досег од 190 до 359 km
Носивост од 1,1 до 1,5 тони
Super Van доаѓа со три режими на возење (Economic, Standard и Sport), 7″ LDC Display и бројни системи за помош на возачот.