Профил на кандидатот:
▪ Образование – ВСС, Економски факултет, Машински факултет или некои од факултетите од доменот на природни или општествени науки
▪ Над 5 год искуство во продажба и маркетинг, од кои најмалку 3 год на раководна позиција
▪ Се преферира искуство во продажба на автомобили
▪ Познавање на финансиското работење и финансиските извештаи
▪ Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
▪ Одлично познавање на англиски јазик
▪ Одлични комуникациски и продажни вештини
▪ Посветеност, самоиницијативност, желба за учење и лична надоградба
▪ Висок личен интегритет и деловна култура
Работни задачи:
▪ Организирање и раководење на продажниот тим
▪ Оперативно планирање и водење на продажбата на производите и услугите наАутомакедонија
▪ Предлагање и развој на продажни планови на месечна и годишна основа, посветеност кон остварување на продажните цели, идентификува нови пазарни можности
▪ Вклученост заедно со својот тим во продажба на патнички возила од програмата на Аутомакедонија
▪ Градење професионални деловни релации со постојните и нови клиенти
▪ Организирање и реализирање продажни посети на клиенти и деловни субјекти за презентирање на понуди за возила и сервисни услуги
▪ Понудување и продажба на останатите услуги на Аутомакедонија Групацијата како технички услуги за хомологација, атести, регистрација на возила, осигурување, помош на пат и останати услуги од портфолиото
▪ Учество во донесување на одлуки во врска со политиката, плановите и стратегиите на Аутомакедонија
Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.
Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса: kontakt@automakedonija.com.mk најдоцна до 14.07.2025 година.