АВТОМЕХАНИЧАР/ (1 позиција) и АВТОЕЛЕКТРИЧАР/ (1 позиција)

Клучни одговорности

  • Врши поправка и сервисирање према работен налог
  • Ги идентификува основните причини за механичките или проблеми со електрониката со анализа на перформансите на возилото и спроведување на тестови на возилата
  • Извршува рутински задачи за редовно одржување на возилата
  • Се грижи сите поправки да ги исполнуваат високите стандарди за квалитет
  • Води точна евиденција за извршените поправки
  • Соработува со други членови на тимот (сервисни инженери, сервисни советници или автомеханичари)
  • Соработува со магацинот за резервни делови
  • Користи специјализирани алатки и дијагностички уреди за откривање проблеми со електричните/механичките системи на возилото
  • Должен е да се грижи за уредноста и комплетирање на алатот
  • Должен е да ги следи безбедносните процедури

Барања

  • Најмалку III или IV степен – Средна или КВ стручна подготовка
  • Со или без работно искуство
  • Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса: kontakt@automakedonija.com.mk најдоцна до 04.06.2025 година