Основана во далечната 1947 година, како компанија специјализирана во автомобилската дејност, Аутомакедонија е најстарата компанија во нашата земја, со најбогата, седумдесет и тригодишна традиција во автомобилизмот.
Денес, седум децении подоцна, Аутомакедонија е сеуште фокусирана на автомобилскиот бизнис.
Организирана е како акционерско друштво во приватна сопственост, а како основна дејност на компанијата се издвојуваат:
Располага со богата инфраструктура: продажни салони, сервисни центри, деловни канцеларии и магацински простор во Скопје, Битола, Прилеп и Белград.
Моментната инфраструктура и локации на Аутомакедонија се опишани во следната табела:
Адреса | Дејност | Вкупна површина | Површина под кров |
16 Македонска Бригада бр. 2 Скопје | Седиште на Аутомакедонија, продажба и сервис на возила (OPEL) | 700 м2 | |
Теодосиј Гологанов, бр. 20 Скопје | Изнајмување салони, деловни канцеларии, магацински простор | 4.232 м2 | |
Бул. Борис Трајковски бр. 21, Скопје | Продажба и сервис на возила (ISUZU, SSANGYONG, PIAGGIO), мулти бренд сервис, сервис за лимарски поправки | 3.320 м2 | 1.872 м2 |
Бул. Борис Трајковски бр.202 Б, Скопје | Сервис за сите видови на товарни возила, автобуси и градежни машини на пазарот | cca 3.000 м2 | |
Ул. Скупи, бб, Скопје | Објект во изградба | цца 3.000 м2 | |
Ул. Новачки Пат бр.1 Битола | Мулти бренд сервис за патнички и товарни возила | 304 м2 | |
Прилеп | Административен објект | 103 м2 | |
Ул. 27 Марта бр.28 Белград | Деловни канцеларии | 326 м2 |
Во компанијата работат околу 90 вработени лица, експерти во својата област.
Компанијата е финансиски стабилна, со ниско ниво на задолженост за дејноста, со стабилен и континуиран раст во сферата на прометот и оперативната профитабилност.
Нејзиниот интегриран систем за менаџмент на квалитетот, заштитата на животната средина и безбедноста и здравјето на вработените, е сертифициран од реномираниот Германски институт TUV Rheinland.
Седиште : 16 Македонска Бригада бр. 2, 1000 Скопје
Аутомакедонија, во изминатите десетина години, во своето портфолио основаше (целосно или делумно) неколку компании кои оперираат на домашниот пазар. Конкретно, формирани се следните компании:
Заедно, фирмите од Групацијата ангажираат околу 200 вработени лица.
Со фирмите од Групацијата, комплетната инфраструктура, максималната опременост, со искусниот и професионален кадар, Аутомакедонија, на своите клиенти (физички и правни лица) веќе може да им понуди комплетна услуга во сферата на автомобилскиот бизнис.
Од набавка на нови и користени возила, преку професионалните мулти бренд сервиси во Скопје и Битола, до станиците за технички преглед и регистрација во кои можете да извадите и полиси за осигурување, можноста да добиете заменски и рент а кар возила… Сите услуги Ви стануваат достапни на едно место, кај еден партнер.
Сопствената и партнерска продажна и сервисна мрежа во државата, ја препознаа и многу државни институции и корпоративни клиенти, кои ја препуштија и препуштаат комплетната грижа за возниот парк на професионалците во Аутомакедонија.
Аутомакедонија располага со богата референтна листа на партнери, домашни фирми, со кои соработува на сите можни полиња. Меѓу нив може да се издвојат :