ЗИМСКИ ПАКЕТ ЗА ПРОВЕРКА
Во пресрет на зимата, препорачливо е да одвоите малку време за да го проверите вашиот автомобил, а поради брзиот начин на живот и недостигот на време, секогаш можете да побарате помош и проверката да ја ни ја доверите нам.
Со нашиот нов ЗИМСКИ ПАКЕТ ЗА ПРОВЕРКА – подготвени сте за сé!
Пакетот вклучува промена на течноста за ладење во вашиот автомобил по промотивна цена од 1970 денари и дополнителна целосна проверка на автомобилот!
Проверката важи за сите модели и марки на патнички возила и вклучува:
Промена на течност за ладење – антифриз
Проверка на сопирачки и глицерин
Проверка на шара на гумите
Проверка на предница и подвозје
Проверка на ниво на масло во моторот
Прверка и дополнување на средство за ветробранско стакло
Проверка на акумулатор
Проверка на осветлување
Визуелна проверка
Детален извештај за вашето возило.
Што е најважно да се провери?
- Течност за ладење – антифриз овозможува намалување на точката на замрзнување и зголемување на точката на вриење на водата во системот за ладење. Покрај тоа, таа спречува корозија на металните делови на моторот и ладилникот за вода, па затоа е многу важно антифризот редовно да се проверува и менува во сервисниот интервал.
- Сопирачките треба да се проверуваат редовно, според препораките на производителот на возилото или почесто, особено ако се подготвувате за подолго патување во текот на зимата. Проверете ги плочките и дисковите, како и функционалноста на другите делови на системот за сопирање.
- Подготовката на возилото продолжува со замена на летните пневматици со зимски. Летните „гуми“ не се прилагодени за возење на ладен и замрзнат асфалт и ниски зимски температури. Особено внимание треба да се посвети на притисокот во “гумите” и длабочината на нивната шара.
- Акумулатор – проверката на состојбата на акумулаторот е најдобро да се направи во авто сервис. Мерењето на неговиот напон е најдобриот показател дали е во ред или не.
- Моторното масло игра исклучително важна улога и директно влијае на животниот век на моторот, па затоа е многу важно редовно да се проверува и навремено да се менува. Неправилни и ненавремени промени во маслото може да предизвикаат оштетување на деловите на моторот.
Закажете ја вашата зимска проверка на 02 3103 130 или на kontakt@automakedonija.com.mk