Аутомакедонија од крајот на 2019 година, оперира како овластен увозник, дилер и сервисер на возилата од Јужнокорејскиот бренд – SSANGYONG во нашата земја.
Изложбено продажниот салон на SSANGYONG е сместен во Мулти бренд комплексот на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, на бул. Борис Трајковски бр 21, во непосредна близина на спортската сала Расадник.
Во него ќе можете да ги добиете сите потребни информации и понуди за моделите на SsangYong.
На локацијата, заедно со нашите продажни експерти, можете да направите и тест возење, како и да ги добиете најконкурентните понуди за финансирање (лизинг, кредит).
Ако пак, за Вашата компанија и флота ви требаат понуди за долгорочен деловен закуп (оперативен лизинг), побарајте ја најконкурентната и најфлексибилна понуда на нашата компанија Ауто 1 Рент.
Во комплексот на Аутомакедонија во Кисела Вода се сместени и станица за технички преглед на АМ ЦЕРТ, во која веднаш можете да направите технички преглед, регистрација со шалтер на МВР, а во експозитурата на АМ БРОКЕР да извадите полиса за АО, каско, патнички и други видови осигурување.
Сервисот на SSANGYONG во мрежата на Аутомакедонија е сместен во Мулти бренд комплексот во Кисела Вода, бул. Борис Трајковски 21, Скопје.
Во сервисот можете да добиете комплетна сервисна поддршка на вашите возила од гамата на SSANGYONG.
За возилата од гамата на SsangYong, во Аутомакедонија можете да добиете оригинални резервни делови, со гаранција на квалитетот и вградувањето.
Повеќе информации за возилата на SSANGYONG можете да добиете на тел. 02 3103 130, 3103 265, или на е-mail : kontakt@automakedonija.com.mk