fbpx

СЕРВИСНА МРЕЖА

МУЛТИ БРЕНД СЕРВИС ЗА СИТЕ ВИДОВИ И МАРКИ НА ВОЗИЛА

Во долгите седум децении постоење на Аутомакедонија, како компанија специјализирана во автомобилската дејност, менаџментот на фирмата сериозно и континуирано вложува во развојот на нејзините сервисни капацитети.

Денес, Аутомакедонија има развиена мрежа на мулти бренд сервисни центри во кои можете да ги одржувате и сервисирате возилата од сите видови, марки и модели.

Сервисите, во комплетна сопственост на Аутомакедонија се лоцирани на три места во Скопје и на една локација во Битола.

 

ОВЛАСТЕН СЕРВИС ЗА OPEL И CHEVROLET ВО АВТОКОМАНДА

Во седиштето на Аутомакедонија, на ул. 16 Македонска Бригада бр 2, во населбата Автокоманда во Скопје е лоциран овластениот сервисен центар за OPEL и CHEVROLET.

Сервисот е лоциран на атрактивно место, со лесен пристап и голем паркинг за посетителите и корисниците на услугите на Аутомакедонија и нејзините компании ќерки.

Во сервисниот центар на Аутомакедонија во Автокоманда, можете да добиете :

  • Гаранциско и вонгаранциско одржување и сервис на OPEL и CHEVROLET,
  • Комплетна и прецизна дијагностика,
  • Проверка и инспекција на системите,
  • Отстранување на најсложени дефекти,
  • Комплетен ремонт,
  • Механички и електронски поправки,
  • Замена и балансирање на гуми,
  • Подесување геометрија на тркалата (центрирање предница),
  • Замена на авто стакла,
  • Монтажа на клима фолии,
  • Монтажа на аудио системи, аларми и сензори за паркирање,
  • Монтажа на уреди за авто плин.

Сервисот е опремен со 12 двостолбни дигалки, кои гарантираат расположивост за работа,  дијагностички инструменти препорачани од производителот на возилата, специјален алат и опрема.

Во него се ангажирани 3 приемни инжинери, кои се грижат за прием на возилата на клиентите, отворање на работни налози и менаџирање на поправките, 9 мајстори специјалисти, тим на  специјалисти за резервни делови и магационери.

Вработените во сервисниот центар на Аутомакедонија следат настава и обука дизајнирани во Академијата на Опел.

Во сервисот се почитуваат процедурите на производителот, се користат прирачниците за работа, препораките за нормирање на работните операции кои се множат со унифицираната цена на работниот час, електронските каталози за резервни делови, директните линковски врски со техничкиот центар на Опел.

Максимално се почитуваат системите за менаџмент на квалитетот, заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа.

Магацините се опремени со одлична залиха на оригинални резервни делови, а испораката на делови д централните складови на OPEL е континуирана и брза. На деловите вградени во сервисниот центар на Аутомакедонија добивате и фабричка гаранција од 2 години.

Во комплексот, за целосен комфор на клиентите – се сместени и експозитури на фирмите АМ ЦЕРТ, АМ БРОКЕР и АУТО 1 Рент, во кои може да се направи технички преглед и регистрација на возилата со шалтер на МВР, да се извадат полиси за осигурување, да се изнајми заменско возило, додека возилото е во сервис.

Додека чекате да се заврши сервисната интервенција, во кафе барот на Аутомакедонија можете да се освежите со кафе, вода и безалкохолни пијалоци.

Клиентите на сервисниот центар може да аплицираат и за клуб картичката на Аутомакедонија, со која добиваат бројни поволности и бенефиции во фирмите од Групацијата на Аутомакедонија, како и да добијат бесплатен шлеп на територија на град Скопје, до сервисниот центар на Аутомакедонија, ако им е возилото во невозна состојба.

 

МУЛТИ БРЕНД СЕРВИС ВО КИСЕЛА ВОДА

Мулти бренд сервисот на Аутомакедонија во Кисела Вода, е сместен на бул. Борис Трајковски бр. 21, во непосредна близина на спортската сала Расадник. Во него можете да ги одржувате патничките и лесни комерцијални возила од сите марки и модели на пазарот.

Центарот е опремен со 10 двостолбни дигалки и работни канали, кои гарантираат одлична достапност и максимална искористеност на капацитетот.

Во комплексот може да се добие комплетна дијагностика, поправка на најсложени моторни и електронски дефекти, дефекти на менувачот, ремонт на мотори, редовни интервални одржувања и сервиси.

Сервисот е опремен со :

  • Универзални дијагностички и тест инструменти на BOSCH,
  • Специјални дијагностички инструменти за OPEL, CHEVROLET, SSANGYONG, ISUZU…
  • Комплетна линија за проверка на техничката исправност на возилата,
  • Опрема за дијагностика и сервис на клима уреди,
  • Опрема за замена и балансирање гуми,
  • Инструмент за подесување геометрија на тркалата (центрирање предница),
  • Специјален алат и опрема.

Во центарот се вработени – приемни инжинери со долгогодишно искуство во дејноста, висококвалификувани и искусни професионалци во областа на сервисирањето…

Се употребуваат висококвалитетни оригинални и неоригинални делови (со премиум квалитет) од сопствената залиха и извори од земјата и странство.

 

СЕРВИС ЗА КАРОСЕРИСКИ ПОПРАВКИ И ФАРБАЊЕ

Во Мултибренд сервисот во Кисела Вода (Бул Борис Трајковски бр. 21) е сместен и сервисот за каросериски поправки и термолакирање на Аутомакедонија.

Овластен е од партнерите на Аутомакедонија (OPEL, ISUZU, SSANGYONG, PIAGGIO), како и од речиси сите осигурителни компании во земјата.

Делува како мулти бренд сервис во кој можете да добиете квалитетна и конкурентна поправка на каросериските оштетувања за сите марки на возила (особено за оние кои се надвор од гарантниот рок).

Опремен е со специјален алат, комора за фарбање и опрема за извлекување на каросериските оштетувања. Во работата се употребуваат оригинални или резервни делови со одличен квалитет, како и бои и материјали со  врвни перформанси, пријателски настроени кон животната средина.

Тимот на сервисери е составен од искусни професионалци со долгогодишно искуство во дејноста.

Додека вашето возило е во сервис, можете да изнајмите заменско возило, во рент а кар компанијата на Аутомакедонија – Ауто 1 Рент.

СЕРВИС ЗА КАМИОНИ, АВТОБУСИ, ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА

Во комплексот на Аутомакедонија во поранешна Стакларница е сместен мулти бренд сервисот на Аутомакедонија за камиони, автобуси и градежна механизација.

Овластен е од :

  • ISUZU
  • ISUZU Bus и
  • WABCO,

но благодарение на модерната опрема, специјализираните и универзални дијагностички инструменти (Wabco, Wabco Wurth) и специјалниот алат, во него се одржуваат и сервисираат и возила од сите марки и модели на пазарот, особено ако се надвор од гарантниот период.

Сервисот има капацитет од 7 работни бокса, што гарантира континуирана расположивост и функционалност.

Во рамки на комплексот е сместена и станицата за технички преглед и регистрација на АМ ЦЕРТ за патнички, товарни возила и автобуси.

СЕРВИС ВО БИТОЛА

Аутомакедонија располага и со сопствен мулти бренд сервис во Битола, на Новачки Пат бр.1

Во сервисот можете да ги добиете сите сервисни услуги за вашите возила или возни паркови, да направите дијагностика и отстранување на сериозни дефекти, замена и балансирање гуми.

СЕРВИСНА МРЕЖА ВО ЗЕМЈАТА

Како резултат на долгогодишното искуство во одржувањето на флоти на сериозни компании и институции, Аутомакедонија има одлична соработка со богата листа на партнерски сервиси во државата.

Без разлика дали се работи за сервиси за механички, електронски или каросериски поправки, Аутомакедонија може да понуди целосна покриеност – во речиси сите градови во Македонија.

РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА

Аутомакедонија располага со богата референтна листа на партнери, домашни фирми, со кои соработува на сите можни полиња. Меѓу нив може да се издвојат :

  • ВВ Тиквеш,
  • ЕВН Македонија,
  • Телеком,
  • АБЦ Логистика (сопственик на франшизите за рент а кар – Enterprise, Alamo),
  • Делфино травел (сопственик на франшизата за рент а кар – SIXT),
  • Нептун,
  • Нелт,
  • Гранит,
  • Кончар,
  • Триглав Осигурување,
  • Шпаркасе лизинг,
  • Винер осигурување,
  • Осигурителна полиси,
  • ТАВ Аеродром,
  • Колид,
  • Олишпед,
  • Алумил,
  • Шпаркасе Банка,
  • НЛБ Тутунска Банка,
  • Перпетум Мобиле,
  • Македонски Пошти,
  • Служба за општи и заеднички работи на Владата на РСМ,
  • Министерство за внатрешни работи,
  • Кабинет на претседателот на РСМ,
  • Министерство за труд и социјална политика,
  • Министерство за економија,
  • Министерство за транспорт и врски,
  • Град Скопје,
  • Центар за управување со кризи,
  • АД Електрани на Македонија,
  • Радиодифузија,
  • Македонски Железници,
  • Водовод и Канализација,
  • МЕПСО,
  • РЕК Битола,
  • ПУП Прилеп,
  • Американска Амбасада,
  • Универзитет Св. Кирил и Методиј,
  • Универзитет Гоце Делчев, Штип…

Оваа листа се менува и во континуитет зголемува.

КОНТАКТ ЦЕНТАР

За повеќе информации, колегите во нашиот Контакт центар Ви стојат на располагање.

Тел. 02 3103 130, 070 302 130

kontakt@automakedonija.com.mk