fbpx

OPEL

AУТОМАКЕДОНИЈА Е OВЛАСТЕН ПАРТНЕР НА OPEL

Аутомакедонија АД Скопје е овластен увозник, дилер и сервисер на возилата од гамата на OPEL во Македонија од 2008 година.

Седиштето на брендот е лоциран во седиштето на Аутомакедонија, на адреса : 16 Македонска Бригада, бр.2, во населбата Автокоманда во Скопје, веднаш до Шумарскиот Факултет.

Локацијата е атрактивна, со лесен пристап и сопствен паркинг простор за посетителите и корисниците на услугите.

Во комплексот на Аутомакедонија, што се простира на вкупна површина од околу 2.000 м2 се сместени :

  • Овластениот салон за продажба на возила OPEL,
  • Овластениот сервис за одржување и сервисирање на возилата од гамата на OPEL,
  • Maгацин за оригинални резервни делови на OPEL,
  • Изложбениот простор за користени возила.

Во комплексот се лоцирани и :

  • Станица за технички преглед и регистрација на возила на АМ ЦЕРТ,
  • Експозитура на брокерското друштво за полиси АМ БРОКЕР,
  • Седиште и канцеларија на рент-а-кар компанијата АУТО 1 РЕНТ,
  • Две модерни сали за презентации и тренинзи,
  • Модерен кафе бар.

 

ПРОДАЖБА НА ВОЗИЛА OPEL

Продажните консултанти и експерти на Аутомакедонија, во модерно дизајнираниот салон на OPEL ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор за ново возило, согласно вашите барања, потреби и можности.

Ваше е само да го изберете моделот на патничко и лесно комерцијално возило, од гамата на германскиот производител.

За полесен избор при купувањето, во секој момент ви стојат на располагање демо возилата на Аутомакедонија, од речиси сите модели. Со нив, под супервизија на продажните експерти, ќе можете да ги пробате возилата на OPEL и да се уверите кое најдобро одговара на Вашите потреби и животен стил.

Покрај одлични цени и врвна услуга, нашите експерти ќе Ви помогнат, ако ви е потребно, да го добиете и најдобриот можен пакет за финансирање (лизинг или кредит) во соработка со домашните институции.

Ако пак, имате користено возило, повелете, да направиме детална проверка на истото и да ви дадеме понуда за откуп (по системот старо за ново).

 

ДЕЛОВЕН ЗАКУП НА ВОЗИЛА

На Вашата компанија, колегите од секторот продажба, заедно со колегите од нашата фирма Ауто 1 Рент, ќе ви дадат и конкурентна понуда за долгорочен деловен закуп, со месечна наемнина која може да ги опфати сите можни трошоци (регистрација, каско, сервис, гуми, заменско возило…)

 

ОВЛАСТЕН СЕРВИС ЗА OPEL

Во комплексот на Аутомакедонија во Автокоманда, е лоциран и овластениот сервис за патнички и лесни комерцијални возила на OPEL.

Располага со капацитет од 12 двостолбни дигалки, комплетна дијагностичка и тестна опрема, специјална линија за проверка на техничката исправност и специјален алат предвиден и препорачан од производителот на возилата.

Без оглед на тоа, дали е возилото набавено кај нас – или на друго место, можете истото да го донесете на :

  • решавање гаранциски и вонгаранциски проблеми,
  • прецизна дијагностика и инспекција,
  • решавање на секаков вид на електрични проблеми,
  • редовно одржување и сервис,
  • отстранување на најсложени дефекти,
  • ремонти и сл.

А во помошните сектори во сервисот можете да направите и :

  • промена и балансирање на пневматици (гуми),
  • центрирање (подесување на геометријата на тркалата) со најсовремена 3д опрема,
  • промена на авто стакла,
  • монтажа и атест на клима фолии,
  • монтажа на плински уред за возила,
  • монтажа на аудио опрема, аларми и сензори за паркирање,
  • да го измиете вашето возило.

Наплатата на сметките се прави по строго дефинирани од производителот на возилата работни интервали, кои се помножени со унифицираната цена на рабтниот час.

За имателите на Аутомакедонија Клуб картичка, обезбедени се и специјални попусти на цената на деловите и работната рака.

 

КАРОСЕРИСКИ ПОПРАВКИ И ФАРБАЊЕ

Сервисот за каросериски поправки и фарбање на Аутомакедонија (овластен за возилата на OPEL) е сместен во населбата Кисела Вода.  Однесете го Вашето возило во овој сервис – или јавете ни се на тел. 02 3103 130, да го организираме ние шлепот (ако е возилото во неподвижна состојба).

Сите интервенции и поправки ќе бидат направени во координација со нашите професионалци од ОPEL, со оригинални резервни делови и со гаранција на квалитетот.

 

ПРОФЕСИОНАЛЕН КАДАР

Во Аутомакедонија, на сите позиции се ангажирани искусни професионалци кои проаѓаат сериозни обуки во Академијата на OPEL. Повеќето мајстори и приемни инжинери го имаат достигнато златното ниво (како гаранција за квалитетот на работата).

 

РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Во сервисот на Аутомакедонија се користат оригинални резервни делови и потрошни материјали набавени од добавувачот OPEL. За квалитетот на оригиналните делови вградени во вашето возило, гарантира OPEL со гаранција од 2 години.

На барање на клиентите, за постарите возила излезени од гаранцискиот период, можеме да понудиме и заменски (неоригинални) делови со пониска цена.

 

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД, ОСИГУРУВАЊЕ

Во комплексот се сместени и експозитури на фирмите на Аутомакедонија, со помош на кои можете да ги добиете и останатите услуги неопходни за вашето возило :

  • Станица за редовен и вонреден технички преглед  и регистрација со шалтер на МВР, 
  • Хомологација за увезено користено возило,
  • Атест за вграден плински уред или клима фолии,
  • Меѓународна возачка дозвола,
  • Полномошно за управување на туѓо моторно возило во странство,
  • Полиси за авто одговорност и каско,
  • Зелен картон,
  • Патничко осигурување.

Плаќањата можете да ги направите со речиси сите кредитни картички.

Со некои банки имаме и договори за плаќање на рати без камата, како и за посредување во процесот на аплицирање и одобрување на потрошувачи кредити.

 

КОНТАКТ ЦЕНТАР

За повеќе информации, колегите во нашиот Контакт центар Ви стојат на располагање.

Тел. 02 3103 130, 070 302 130

kontakt@automakedonija.com.mk