fbpx

Хомологација

Хомологација

ЕДИНЕЧНО ОДОБРУВАЊЕ

Според Законот за возила, возилата што ќе бидат увезени во Р.Македонија пред да бидат пуштени во сообраќај потребно е да се провери дали тие задоволуват некакви пропишани технички и еколошки барања. Техничката служба АМ Церт, како Инспекциско тело, од страна на Министерот за економија е овластена да врши испитувања на возилата и да дава одобренија за нивната сообразеност со барањата на технички регулативи.

Во зависност од тоа дали возилото кое имате намера да го увезете е од веќе одобрен тип во Р.Македонија или не, легализацијата на возилото се спроведува преку:

  • постапката на идентификација, доколку клиентот за возилата кои веќе се одобрени кај нас обезбеди документ Certificateofconformity, или тн. СоС документ, а кој може да се добие од овластениот претставник на производителот на возилото, или
  • постапка на единечно одобрување доколку возилото не било до сега одобрено кај нас, односно не постои можност од овластениот претставник да се обезбеди СоС документот.

 homologacija2ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ОЦЕНКА НА ТЕХНИЧКАТА СОСТОЈБА НА ВОЗИЛАТА

Според Правилникот за идентификација и за идентификација и оценка на техничката состојба на возилата, постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за:

  • нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за
  • возила за кои типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Р.Македонија.

Во случај кога во постапката на идентификација и оцена на техничката состојба се утврди дека возилото е преправено или поправено, постапката се прекинува, а одобрувањето на возилото продолжи со испитување и одобрување на соодветниот вид на преправка.

При позитивно извршена постапка за идентификација или позитивно извршена постапка за идентификација и оцена на техничката состојба за возилото се издава Согласност за регистрација.


ХОМОЛОГАЦИЈА -ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА

Според Правилникот за единечно одобрување на возилата, единечното одобрување се врши на:

  • возилата чиј што тип не бил одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип во Р.Македонија, а за кое се исполнети барањата во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон,
  • уникатните возила, возилата за специјална намена, како и возилата во последната фаза од повеќефазно одобрување и
  • возилата чијшто тип бил одобрен, а возилото не било регистрирано и било преправено.

За одобрување на специјалните возила, возилата кои повеќефазно се одобруваат, како и на преправените возила, во Р.Македонија овластување имаат само две технички служби, едната од нив е и АМ Церт.

Доколку планирате да увезете возило, во тој случај ви е потребно Органот за одобрување (Бирото за метрологија), врз основа на наодот од Техничката служба (АМ Церт), да потврди дека вашето возило ги задоволува пропишаните барања. Во овој случај е потребно да ги имате следниве документи:

  • Потврда за платени царински давачки,
  • Потврда за исполнување на техничките карактеристики на друмско возилото и за меѓународните хомологациски прописи кои ги исполнува, издадена од: – производителот на возилото,овластениот претставник на Производителот во Р. Македонија или од друга независна институција прифатена од Органот за одобрување (пр. TÜV Süd, TÜV Rheinland или др.),
  • Технички извештај (Елаборат), доколку возилото е изработена во фази или му е извршена преправка, сите Сертификати од целата опрема вградена во преправката,
  • Фотокопија од сообраќајната дозвола.

После испитувањето на увезеното возило, доколку резултатите од прегледот на возилото се позитивни, во тој случај Органот за одобрување – Бирото за метрологија во име на Министерството за економија потврдува дека прегледаното единечно возило ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава документ Единечно одобрение, врз основа на кој АМ Церт ќе ви издаде Потврда за сообразност на вашето единечно одобрено возило. Со оваа Потврда на крајот го регистрирате возиото, со што завршува постапката на легализација на вашето увезено возило.