fbpx

Атести на возила

Атести на возила

Широкиот опсег на акредитирани дејности и овластувањата од Министерството за економија на Република Македонија и овозможуваат на АМ Церт да врши сложени испитувања и одобрувања на голем број на преправки кај моторните возила. Во нашиот испитен центар можете да извршите одобрување (популарно нарелен атест) на следните преправки кај моторните возила.

  • Возило на кое е надградена каросеријата, односно е извршено доопремување со соодвети уреди, со што се преправа од еден во друг вид, варијанта или изведба (на пример од товарно во патничко возило, од отворено во затворено и слично)
  • Возило на кое е реконструирана постоечката каросерија во однос на димензиите, конструкцијата или материјалите од кои е изработено, при што не го менува видот, варијантата или изведбата.
  • Возило на кое е променета кабината со кабина од друга изведба, а од ист или друг произведувач, или пак на кое кабината е реконструирана во однос на изведбата на бројот на седишта или легла.
  • Возоло на кое е променет бројот на седишта или пак е променета насоката на поставеност на седиштата.
  • Возило на кое е извршена промена на самоносечката каросерија, односно носечката рамка.
  • Возило на кое е променет вкупниот број на оски, променет видот на оските.
  • Возило на кое е преправен системот за сопирање
  • Возило на кое е преправен уредот за трансмисија
  • Возило на кое е преправен издувниот систем
  • Возило на кое се ппреправени или дополнително вградени уреди за осветлување и сигнализација, на места кои не се предвидени од производителот.
  • Возило на кое е променета положбата на погонскиот мотор или уредите од трансмисиата.
  • Возило на кое се променети некои од димензиите во однос на матичната изведба.
  • Возило на кое се променети, тркалата, пневматиците, нагибот или трагот на тркалата.