СОРАБОТНИК за ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Како резултат на стабилен и континуиран раст и желба за задоволување на потребите на купувачите, Аутомакедонија Групација, компанија со најбогата, седумдесет и шест годишна традиција во автомобилизмот, има потреба од енергични, иновативни и посветени кандидати кои би се придружиле кон нашиот тим.

Профил на кандидатот

  • Висока стручна подготовка, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент, сметководство и ревизија сл.),
  • Познавање МСС и МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување);
  • Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Познавање деловен англиски јазик;
  • Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансиите и/или сметководство, со предност како финансиски аналитичар;
  • Поседување на сертификат за овластен сметководител ќе се смета за предност
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим 
  • Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба
  • Висок личен интегритет и деловна култура

Работни задачи

  • Во соработка со менаџерот учествува во подготовка на месечните извештаи за финансиските резултати на компаниите во Групацијата и пресметка на финансиски показатели
  • Во соработка со менаџерот учествува во подготовка на годишната сметка и годишниот извештај на друштвото и на консолидирани финансиски извештаи
  • Изработка и анализа на паричен тек
  • Прегледува материјална и финансиска документација со изработка на работни документи, анализа и нивно усогласување
  • Анализа, контрола и евиденција на обврски и побарувања на друштвото,
  • Контролира буџет поврзан со оперативни трошоци и со основни средства
  • Ги следи и спроведува прописите од областа на финансиско-сметководственото работење

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите. 

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса: kontakt@automakedonija.com.mk најдоцна до 15.09.2024 година.