fbpx

Клима фолии

МОНТАЖА НА ЗАШТИТНИ И КЛИМА ФОЛИИ

Сервисниот тим на Аутомакедонија ја негува долгогодишната традиција на монтирање на заштитни и клима фолии на стаклата на автомобилите.

Компанијата е увозник и дистрибутер на фолиите од Американскиот производител SDI Sungard, синоним за квалитет во својата област.

Во оваа дејност, Аутомакедонија гарантира фолии со врвен квалитет и атест од надлежните институции кои покрај визуелниот ефект даваат и одлична заштита од :

  • Штетните UV зраци кои предизвикуваат фатални заболувања на кожата и видот
  • Високите температури (со монтирање на фолии се намалува температурата во внатрешноста на возилото)
  • Отсјајот (поставените фолии спречуваат отсјај кој пречи во возењето и видот)
  • Распрснување на стаклото (при кршење, стаклото останува во своите рамки – залепено за фолијата и спречува негово распрснување што може да предизвика бројни повреди и фатални последици.)