fbpx

Дијагностика

Професионална инспекција и дијагностика на возилата

Во сите сервисни центри на Аутомакедонија, според најсовремените стандарди во дејноста, првиот контакт со клиентите започнува  на директната рецепција.

Во овие специјални простории инжинерите од тимот на Аутомакедонија го примаат возилото, разговараат со клиентите и отвораат работен налог, по што започнува комплетната инспекција на возилото и системите за :

  • Сопирање
  • Подвозје
  • Светлосните уреди
  • Менувачот
  • Издувната емисија

За извршената инспекција се добива и електронски извештај (рипорт)  врз основа на кој инжинерите ги информираат своите клиенти за – состојбата на возилото, воочените проблеми и евентуалната потреба за поправка или менување на неговите компоненти.

Со помош на бројните специјални или универзални дијагностички инструменти, кои директно се поврзуваат со “On board” дијагностиката на возилото, брзо и прецизно се утврдуваат сите дефекти на моторот и клучните системи и се влегува во темелна и точна поправка на возилото.