Практичноста, компактните димензии, импресивниот капацитет на товарање и економичноста се главните предности на Porter, возило створено да ги извршува сите задачи ефективно и ефикасно, и особено при употреба за транспорт на мали дистанци.
Целата палета на Porter одговара на денешните засилени барања за помала потрошувачка на гориво и помало влијание врз животната средина. Овие перформанси му овозможуваат на Porter пристап до центарот на европските метрополи, во градовите во кои е ограничено движењето на моторните возила.
Цврст е како камион но агилен и подвижен како градски автомобил, и со тоа Porter ги комбинира предностите на лесно комерцијално возило со капацитет за товарање што обично се нуди во многу поголеми возила.
КОМПАКТЕН ДИЗАЈН НА КАБИНАТА НАПРЕД
Компактниот дизајн на кабината напред гарантира супериорна агилност во градскиот центар со екстремно мал радиус на вртење (помалку од 4 метри) и јасен видик на сите пречки во околината. Овој дизан исто така овозможува оптимално користење на просторот, ја максимизира површината наменета за товарање (до 65%) од комплетното возило.
ЧЕЛИЧНА РАМКА
Челичната шасија дава одличен баланс помеѓу леснотијата и цврстината, давајќи одлични перформанси во поглед на силината и капацитетот за товарање, додека структурата на шасиската рамка го апсорбира стресот на товарот, за супериорна стабилност. Архитектурата на возилото обезбедува одлично ниво на прилепување (грип) дури и во тешки услови на возење.
МОТОРОТ НАПРЕД, ПОГОНОТ ОДЗАДИ
Идеалната прераспределба на тежините кај овој распоред ги максимизира капацитетот на товарање и перформансите во поглед на држењето на патот. Тежината на товарот, практично го зголемува прилепувањето на погонските тркала, додека моторот поставен напред гарантира дека возачот никогаш нема да ја загуби контролата во држењето правец. Предностите на оваа аархитектура се јасни кога возилото се придвижува од стоечка позиција во критични моменти, како што се лизгави површини и земјени или песочни коловози.
ПРЕДНОСТИТЕ НА КОНФИГУРАЦИЈАТА НА PORTER
Користејќи ги ексклузивните технички решенија, Maxxi е варијантата во палетата на Портер со најсилни перформанси.
Техничките карактеристики кои го издвојуваат моделот Maxxi од останатите сe:
ПРЕДНОСТИ НА MAXXI ВЕРЗИЈАТА
Дизајниран да ги задоволи строгите Euro 6 стандарди на издувната емисија, бензинските MultiTech мотори се врвни единици кои ги задоволуваат барањата на утрешнината во поглед на заштитата на животната средина и потрошувачката на гориво. Овој четири цилиндерски, 16 вентилски мотор со зафатнина од 1299 cc и ланец, е сериозно подобрување во споредба со претходникот. Моќта е зголемена на 61 kw )*9kw повеќе од претходникот), вртежниот момент сега е зголемен на 112 Nm (+7 Nm), додека потрошувачката на гориво и CO2 емисија се помали од претходно.
Со високата загаденост на воздухот во нашите градови само е прашање на време кога возилата че добијат забрана за користење во централните подрачја. Палетата на Еко мотори на Porter Eco нудат избор помеѓу 4 цилиндерскиот мотор со зафатнина од 1,299 cc, и двогоривни мотори (бензин + LPG или бензин+ метан) со електронско вбризгување базирано на Multitech Euro 6 моторот. Покрај пониските трошоци за гориво, двогоривните мотори имаат и многу помало негативно влијание на животната средина, и имаат можност да пристапуваат на зоните со сообраќајни рестрикции. Двогоривните возила располагаат со нормален резервоар на бензин, а со додавањето на дополнителениот резервоар се зголемува и можната километража (бидејќи двете горива може да се користат паралелно).
ECOPOWER (LPG): LPG е едно од најефтините горива денес. Не содржи бензен и согорувањето не создава честички и има многу помало штетно влијание на средината од конвенционалните горива.
GREENPOWER (метан): Метанот е алтернативно гориво со мала издувна емисија кое станува многу популарно за многу апликации, особено во средини кои се подложни на атмосферско загадување.
Porter е повеќе од практичен, економичен работник. Поседува модерна опрема, и високо квалитетна завршна обработка, а поседува и значајни системи на безбедност и комфор.
Во Porter се вградени повеќе системи наменети да ги корегираат грешките на возачот. Безбеднста е загарантирана со системите ABS и ESC за контрола на стабилноста. Во случаи на итност проработуваат системите BAS и EBD кои помагаат да се спречи судар.
Porter располага со модерен ентериер кој ќе ви ја направ работата побезбедна, попријатна и покомфорна. Стандардната опрема опфаќа :