fbpx

Полна со возбуда: Новата Opel Mokka, електрична и енергична

  • Чиста енергија: смел изглед, високо позиционирано седење, електричен погон – без емисија
  • Извонредна е-моќност: 100kW/136ks и 260Nm вртежен момент, за одлична забава
  • Силен израз: Mokka го покажува новото, напредно лице на брендот со Opel Vizor
  • Комплетно дигитална: Opel Pure Panel кокпит – за прочистено возачко искуство
  • Уникатна светлост: IntelliLux LED® matrix светла без отсјај – први во сегментот
  • Вистински напредна: адаптивен темпомат со Stop&Go функција и врвни системи за асистенција

Електрична,  без емисија, енергична – Opel Mokka. Германскиот производител ја откри втората генерација на компактниот бестселер, моќната и потполно нова Mokka, која совршено ја комбинира забавата и модерноста. Способна е за елетктрично возење со нула емисија, високо ефикасна и покомактна од било кога – совршена е за урбано движење, како и за безбедни возења по автопатите.

“Новата Mokka го свртува погледот и ја менува перцепцијата за нашиот бренд. Со новата Mokka, го рекреираме Opel и го претставуваме новиот дизајн за следната декада.  Таа покажува се’ за што се залагаме денес и во иднината: Mokka е забавна, ефикасна и иновативна во секој поглед. Дополниелно, совршено ги обединува вредностите на Opel – возбудлива, пристапна, германска – на најпрогресивен начин. Ова е единствениот Opel кој доаѓа со електричен погон од самото појавување на пазарот, што е вистински доказ дека Opel стана електричен” – вели Michael Lohscheller, извршниот директор на Opel.

И покрај малку продолжената база (+2mm), Mokka е 12,5cm пократка од претходниот модел, притоа овозможувајќи им на петте патници сличен багажен простор од 350 литри. Вкупната должина е само 4,15 метри, што ја прави супер лесна за маневрирање и паркирање во урбаните средини.

Дизајнот на новата Mokka изненадува со воодушевувачките пропорции и прецизност – до последниот детал. Новиот модел се истакнува и како прв модел кој ја поседува новата предна маска на брендот и следната генерација на целосно дигитален кокпит: Opel Vizor и Opel Pure Panel. Без аналогни дисплеи и бескорисни дигитални анимации – искуството е потполно јасно и чисто, а информациите се фокусирани на она што навистина е потребно. Потполно прочистени.

Новата Mokka ја продолжува традицијата на Opel, да ги приближува иновативните технологии од високите класи на широката маса купувачи. Овие вклучуваат напредни системи како што е ACC (Advanced Cruise Control) чија што Stop&Go функција му овозможува на возачот опуштено да се справи со сообраќајниот метеж: неговата електрична Mokka може автоматски да ги прилагоди функциите спрема движењето на возилото напред, без било каква работа со кочницата или педалата за гас. Дополнително, системот за активно позиционирање во лента, автоматски ја задржува Opel Mokka во средината на избраната лента.  Системот за осветлување исто така нуди напредна технологија од високата класа со адаптивните IntelliLux LED® matrix светла без отсјај, со 14 елементи, единствени во класата.

Сите нивоа на опрема доаѓаат стандардно со LED светла напред и назад, електрична парк кочница и систем за препознавање на сообраќајни знаци, а достапна е и задна камера со агол на видливост од 180 степени.

Новата Mokka e базирана на новата верзија на високоефикасната CMP (Common Modular Platform) платформа. Овој лесен и ефикасен модуларен систем овозможува максимална флексибилност во развојот на возилото и дозволува примена на целосно електричен погон, како и на мотори со внатрешно согорување. Купувачите имаат избор.

За прв пат во историјата на Opel, новата Mokka ќе биде достапна со електричен погон – од првиот ден. Електричниот мотор испорачува јачина од 100kW (136ks) и 230Nm вртежен момент. Респонзивност, агилност и динамичност, се неговите главни карактеристики. Возачите може да изберат помеѓу 3 режими на управување – Normal, Eco и Sport. Максималната брзина е електронски ограничена на 150km/h, за да се сочува енергијата складирана во батеријата со капацитет од 50kWh и досегот. Системот за брзо полнење со моќност од 100kW овозможува полнење на батеријата до 80% за само 30 минути и доаѓа како стандард.

Mokka-e има електричен досег од 322km во нормален режим според WLTP.

Купувачите може да очекуваат многу енергична, агилна и забавна генерација на Mokka. Продажбата ќе стартува на крајот на летото 2020 година, а ќе биде достапна во дилерствата на почетокот на 2021 година. Покрај електричниот погон, новата Mokka ќе доаѓа во понуда и со ефикасен бензински и дизел мотори.

Јасна структура: Нова Opel маска и кокпит дизајн

За прв пат кај Opel, името на моделот гордо се протега во средината на задниот панел, со нов прецизно изрезбан фонт. Кога беше лансирана првата Mokka, изненади со своите компактни димензии и црвста појава. Новата Mokka е уште поробусна – екстра ефикасна, чиста и смела, со прилично пократки препусти (минус 61mm напред и минус 66mm позади), 10 дополнителни милиметри во ширина и визуелно истегната силуета за совршени пропорции.

Mokka исто така е првиот модел кој ја покажува новата предна маска на брендот – Opel Vizor. Протегајќи се преку целата предница на возилото, Opel Vizor е елегантен модул кој хоризонтално ги врамува препознатливите карактеристики на брендот како што се: последната генерација  IntelliLux LED® matrix  предни светла и типичниот дизајн на дневните LED светла во облик на крило. На центарот гордо е втиснат легендарниот Opel Blitz.

Новата дизјанерска филозофија продолжува и во ентериерот, каде акцентот е ставен на сосема новиот Opel Pure Panel концепт. Pure panel кокпитот содржи 2 дигитални дисплеи со ширина до 10 и 12 инчи, а централниот дисплеј е намерно ротиран кон возачот. Секако, за поголема прегледност и здржување на вниманието на патот, дизајнерите ги задржаа аналогните команди за основните функции (контрола на клима и радио).

Мултимедијалните системи се компатибилни со Apple CarPlay и Android Auto и имаат вклучена гласовна контрола.