fbpx

Piaggio Ape Classic

Италијански шарм, европски квалитет.

Моделот APE Classic е еден од најлегендарните претставници на палетата на PIAGGIO Commercial возила со три тркала.  Има јасно препознатлив дизајн, и изненадувачки добри перформанси, меѓу кои мора да се истакне – капацитетот на товарање од 750 кг, и малите димензии кои го прават идеално товарно возило за урбан транспорт на стока и манипулација по тесните градски и приградски улички.

КАФУЛЕ НА ТРКАЛА

Од друга страна, Италијанскиот дизајн и огромната мултифункционалност го прават Ape Classic идеален модел кој за неколку минути може да се трансформира во модерен кафе бар, пицерија, сендвичара, продажен киоск или штанд на тркала.

За сите надградби, за реализација на сите Ваши бизнис идеи, тимот на Аутомакедонија и соработниците од Италија и Македонија, Ви нудат постоечки, готови решенија – или целосно прилагодување на Вашите потреби.

НИШКА НА ПРЕСТИЖ

Функционалниот мопед на PIAGGIO веднаш ќе го препознаете, без оглед на надградбата и функцијата што сте му ја дале. Брендот, имиџот, нишката на препознатлив италијански престиж, квалитетот и гаранцијата, се само дел од предностите кои ќе му ги подарите на Вашиот бизнис, ако го изберете Ape Classic.

Одличниот дизајн ви дава можност, да добиете идеална позадина на било каков бизнис на улична продажба, од традиционални производи како што е кафе, сладолед, сендвичи и пица, до регионални и национални специјалитети или сектори како што се локалните деликатеси и етничка кујна.

СПЕЦИЈАЛНИ КАРАТКЕРИСТИКИ

Специјални својства на Ape Classic:

• Подобрен изглед на предницата, со голем број на редизајнирани компоненти,

• Нов, подобрен инструмент панел и табла,

• Нов euro 4 мотор со подобри перформанси и подобрени спецификации во поглед на животната средина.