fbpx

Piaggio Ape 50

Малиот транспортер на три тркала

Легендарниот модел на три тркала на Piaggio, кој одлично се снаоѓа во руралните средини, а е брз и ефикасен во градскиот метеж. Ape 50 идеално ќе се вклопи во секоја работна задача, без оглед на нејзиниот обем и барања.

Палетата опремена со мотори со Euro 4 стандарди на издувната емисија,  нуди широко поле на примена во областа на транспортот, особено за оние кои сакаат да ја истакнат својата практичност и уникатност.

Благодарение на новиот возбудлив изглед, комбиниран со традиционалните три тркала, од кои конфигурацијата е со погон на задните тркала,  Ape 50 е природна,  «off road» солуција, која се чувствува како дома на нерамни и неасфалтирани патишта.

Првиот модел на Ape е класифициран како мопед.

Достапен е во :

• широка палета на варијации, со фиксиран под, затворен ван и крос конфигурации.

• нови внатрешни и надворешни комбинации на бои.

Благодарение на новиот редизајниран мотор со зафатнина од  50cc, 2 тактен мотор  и новиот издув,  со одличен звук, денес
Ape 50  е поеколошки и гарантира пониска потрошувачка на гориво.

Понатаму, предностите на Euro 4 верзијата се големи и почнуваат од изгледот, па до практичноста и безбедноста, благодарение на:

  • новиот систем за сопирање кој гарантира поголем комфор и возни чувства,
  • атрактивен нов инструмент панел со нови содржини,
  • ЛЕД предни светла за подобра видливост и подолг сервисен живот,
  • модерни, штитници од кал,
  • нови надворешни / внатрешни комбинации.