fbpx

Новата Corsa добитник на престижната награда AUTOBEST

  • НАЈДОБРОТО ОД ЕВРОПА: меѓународното жири од новинари од 31 земја – ја избра новата Opel Corsa
  • ДИНАМИЧНА, ПРАКТИЧНА, ЕЛЕКТРИЧНА – новата Corsa-е, е електричен автомобил за секого
  • HAT – TRICK: Corsa прва ја добива наградата AUTOBEST три генерации по ред

Во Септември оваа година, шестата генерација Opel Corsa, ја прослави својата премиера на меѓународниот саем во Франкфурт, за првпат и со својата целосно електрична верзија, Corsa-e.

Сега, малиот бестселер ја доби престижната титула “Best Buy Car of Europe in 2020”.  Жирито на AUTOBEST составено од меѓународни експерти од 31 земја го прогласија најновиот модел на Opel за победник и за автомобил кој нуди најмногу за парите.

Ниеден друг модел не ја добил наградата AUTOBEST три генерации по ред!

“Среќни сме што ја добивме оваа награда”, вели Мајкл Лохшелер, Opel CEO. “Одлуката на независните експерти покажува дека со Corsa создадовме автомобил ориентиран кон иднината за сите! Автомобил кој е уметничко дело, ефикасен, одлично опремен и со силна возна динамика.  По цена која можеме да си ја дозволиме. Во исто време Corsa како трикратен добитник на AUTOBEST, покажува дека со секоја нова генерација на авотмобили Opel го исполнува ветувањето да ги доближи врвните технологии до широката маса на купувачи”.

Во Аутомакедонија Ве очекува новата генерација на Opel Corsa.

Преземете ценовник ТУКА!