fbpx

НАЕЛЕКТРИЗИРАН: OPEL GRANDLAND X – 4×4, Plug In Hybrid

  • 300 кс и погон на сите тркала: Grandland X е на врвот на Opel SUV семејството
  • 4 начини на возење: Целосно електричен, хибрид, AWD и Sport
  • Практичен: Литиум-јонската батерија се полни целосно за само 1 час и 50 минути
  • Ефикасен: Регенеративното кочење го претвара забавувањето во електрична енергија
  • Opel станува електричен: До 2024 година целата гама на Опел ќе биде достапна и со електричен погон.

Опел станува електричен! Германскиот производител на автомобили продолжува да го спроведува својот стратегиски план за целосна електрификација на своето портфолио со претставувањето на новата верзија на Grandland X Hybrid 4  PHEV (Plug In Hybrid Electric Vehicle) со погон на сите 4 тркала.

Доаѓа (опционално) со црна хауба, 1.6 бензински турбо мотор и 2 електрични мотори за аутпут до 300кс.

Прелиминарно потрошувачката на гориво (WLTP/NEDC) е измерена на 2,2 l/100km со 49g/km емисија на CO2.

Новиот Grandland X Hybid4 започнува со продажба во наредните неколку недели, а првите испораки за клиентите се очекуваат на почетокот на 2020 година.

Во склад со позиционирањето на Опел како иновативен, возбудлив и достапен бренд, новиот PHEV претставува врв во plug-in hybrid технологијата.

Погонскиот систем на Grandland X Hybrid опфаќа:

  • 4 цилиндричен бензиски 1.6 Турбо мотор со директно вбризгување, сертифициран според WLTP и компатибилен со EURO 6d TEMP регултивата, со 147 kw/200 ks и специјално прилагоден на примената на Hybrid технологијата
  • Електричен погонски систем со 2 електрични мотори со 80kW и 90 ks, погон на сите 4 тркала и литиум-јонска батерија од 13,2 kW/h.

Opel Grandland X Hybrid 4 може да помине до 50 km во чисто електричен режим на работа. Во Германија истражувањата покажаа дека 80% од сите дневни патувања се на растојание помало од 50 киломтери. Тоа значи дека за овие купувачи Grandland X Hybrid може да овозможи секојдневно возење практично без емисија.

Grandland X Hybrid4 нуди 4 начини на возење – електричен, хибриден, AWD и Sport кои на возачите им овозможуваат да ги прилагодат карактеристиките на автомобилот на нивните желби и специфичните начини на возење. На пример сo хибридниот режим, автомобилот автоматски ќе го селектира најефикасниот погон – со можност за префрлање на целосно електричен режим без емисија, кога ќе се пристигне во центарот на градот. Или – со AWD се активира електрифицираната задна оска за максимално влечење на сите видови патишта.

Времето на полнење на батеријата зависи од видот на полначот што се користи. Покрај стандардниот кабел за полнење кој се испорачува со автомобилот за полнење во домашни услови, Opel ќе понуди и уреди за брзо полнење на јавните станици или на wallbox системите за полнење.

За уште поголемо подобрување на ефикасноста Grandland Hybrid X има регенеративен систем на кочење – за обновување на енергијата што се произведува при сопирање и забавување. Во конвенционалните системи за сопирање, механичката енергија генерирана од триење на сопирачките се губи како топлина.

Преку претворање на оваа вишок кинетичка енергија во електрична енергија која или веднаш се користи или се складира во батеријата, досегот на Grandland X Hybrid4 се продолжува во просек до 10%.

Grandland X Hybrid4 е предводник на следната генерација на електрични возила на Opel. Додека Ampera веќе се продава на одредени пазари, прозиводителот во следните 20 месеци, глобално ќе ги лансира и новата Corsa, новата Zafira MPV, новото Movano LCV, како и наследникот на Mokka X – и сите ќе бидат достапни со целосно електрични мотори.