fbpx

Аутомакедонија Асистенција

НОВО НИВО НА СИГУРНОСТ

Групацијата Аутомакедонија заедно со Оryx Assistance, подготви нов иновативен производ со кој на своите клиенти им овозможува извонредна услуга и дополнителна грижа во случај на вонредни околности.

Што е Аутомакедонија помош на пат?

За жал, непредвидени работи се случуваат кога патуваме. Дефект на автомобилот, дупната гума, празен акумулатор, сообраќајна незгода… Но, со услугата Аутомакедонија помош на пат имате брза и ефикасна помош на која може да сметате во секое време.

Во зависност од избраниот пакет, техничката помош на пат вклучува:

  • Помош на пат (поправка на возило)
  • Превоз на возило
  • Користење на заменско патничко возило
  • Достава на гориво
  • Организирано сместување на возачот и патниците
  • Организирање на алтернативен превоз за возачот и патниците
  • Неограничено користење на апликацијата Drive Angel

Како функционира Аутомакедонија помош на пат?

Без разлика дали се работи за несоодветно ракување со возилото (заклучени клучеви, погрешно наточено гориво) или надворешни околности (сообраќајна незгода, пожар, поплава, земјотрес):

Доволно е да се јавите на 0800 22 205 за повици од Северна Македонија или +389 23 20 40 35 за повици од странство или со помош на апликацијата Drive Angel. Операторот ќе одговори во рок од 5 секунди, а повикот е бесплатен. Достапни сме 24 часа на ден, 365 дена во годината.

Агентот во Call центарот на Аутомакедонија ги прима податоците и организира соодветна интервенција.

Во рок од 45 минути техничката екипа пристигнува на пријавената локација и го решава проблемот.

УслугаПакет АМ Македонија Промо
(до 31.03.2024)
Пакет АМ МакедонијаПакет АМ РегијаПакет АМ Европа BasicПакет АМ Европа Extra
Контакт центар 0-24h, 365 денаНеограниченоНеограниченоНеограниченоНеограниченоНеограничено
Помош на пат – поправкаЕднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченостаПовеќекратно, до 9,000 денариПовеќекратно, до 12,000 денариПовеќекратно, до 18,000 денари
Превоз на возило (шлеп)Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста Повеќекратно, до 15,000 денариПовеќекратно, до 18,000 денариПовеќекратно, до 30,000 денари
Достава на горивоНеограниченоНеограниченоНеограниченоНеограниченоНеограничено
Заменско возилоЕднократно, до 2 дена, до 3,100 денари / денЕднократно, до 1 ден, до 3,100 денари / денЕднократно, до 2 дена, до 3,100 денари / денЕднократно, до 3 дена, до 3,100 денари / ден
Алтернативен превозЕднократно, до 3,100 денариЕднократно, до 6,200 денариЕднократно, до 12,000 денариЕднократно, до 12,000 денари
Хотелско сместувањеЕднократно, 1 ноќевање до 3,100 денари по лице/ноќЕднократно, 1 ноќевање до 3,100 денари по лице/ноќЕднократно, 3 ноќевања до 3,100 денари по лице/ноќ
Мобилна апликација Drive AngelНеограниченоНеограниченоНеограниченоНеограниченоНеограничено
Редовна цена890 денари1,190 денари1,490 денари1,790 денари
Технички и АОГРАТИС до 31.03.2024590 денари890 денари1,190 денари1,490 денари

Наведените редовни цени се на годишно ниво, а со користење на некоја од услугите во Групацијата Аутомакедонија (технички преглед, полиса за каско или автоодговорност и сл.), добивате дополнителен попуст на избраниот пакет!

До 31.12.2023 со направен технички преглед и купена полиса за автоодговорност во било која од станиците за технички преглед на Аутомакедонија, пакетот АМ Македонија Промо го добивате бесплатно!


Што е Drive Angel?

Со пакетот Помош на пат, Ви ја подаруваме и единствената Drive Angel апликација. Апликацијата е програмирана автоматски да ги препознава вредностите кои се карактеристични за сообраќајна несреќа и со помош на функцијата E-Call (итен повик) го алармира повикувачкиот центар, кој потоа по потреба ги повикува итните служби (брза помош, полиција, пожарна).

Апликацијата интегрира и други услуги како B-Call (Breakdown call) во случај на дефект, споделување на возењето и разни други предупредувања кои корисникот може да ги избере самиот.

Drive angel може да се преземе од https://driveangel.oryx-assistance.com/mk/, по што се инсталира на мобилен уред, а се активира со внесување на кодот што ќе го добиете со купување на еден од пакетите за Помош на пат.

Вашиот личен ангел е подготвен за употреба.

ЗАМЕНСКО ВОЗИЛО (BACK UP CAR)

Овој производ ви озвможува бесплатно користење на заменско возило во случај на незгода или настаната штета на вашето возило, при активирање на полисата за каско осигурување или авто-одговорност.

Без разлика дали после незгодата возилото е во возна состојба или не – може да сметате на заменското возило.

ЗОШТО ЗАМЕНСКО ВОЗИЛО?

  • Достапна услуга 24часа – 365 дена во годината
  • Сами одлучувате кога ќе ја користите услугата
  • Заштеда на трошоци за јавен превоз, такси или рент-а-кар
  • Комфор и мобилност
  • Едноставно користење на услугата, потребно е само активирање на полисата за осигрување

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА АУТОМАКЕДОНИЈА АСИСТЕНЦИЈА

За повеќе информации и нарачка на пакетите Аутомакедонија Асистенција, побарајте нè на 02 3103 130, пишете ни на kontakt@automakedonija.com.mk или посетете нè на нашите локации:

  • Во населбата Автокоманда, ул. 16 Македонска Бригада бр.2, Скопје 
  • Во населбата Кисела Вода на бул. Борис Трајковски,  во близина на Спортската сала Расадник
  • Во населбата Кисела Вода, во комплексот на поранешна Стакларница.  

 

*Промотивната акција “Гратис помош на пат – пакет АМ Македонија Промо” е со важност до 31.03.2024 година

Промотивната акција не може да се комбинира со други активни промоции на Групацијата Аутомакедонија.

Промотивниот пакет “Помош на пат – Македонија Промо” не може да биде заменет за пари.