fbpx

5 Aвтобуси за Општина Тетово

5 Aвтобуси за Општина Тетово

На свечена манифестација, во присуство на градоначелничката на општина Тетово и министерот за финансии, Аутомакедонија и официјално ги претстави и предаде новите 5 автобуси со кои ќе се организира и извршува градскиот превоз во Тетово.

Се работи за нископодни, 12 метарски автобуси за градски превоз од марката ISUZU.

Новите автобуси (Isuzu Citiport) кои наскоро ќе бидат новиот сообраќаен крвоток на Тетово се нови, модерни, комфорни, со вкупен капацитет за превоз на 107 патници (31 седење + 76 стоење).

Автобусите се опремени со најсовремените системи за безбедност, АBS/ASR, комплетен систем на греење и ладење, како и со модерен автоматски ZF менувач за економично и безбедно возење во градските средини. Автобусот поседува и  специјална механичка рампа за влез на хендикепирани лица со количка

Тие се екипирани со нови Euro6D дизел мотори со зафатнина од 6.700 ccm и моќност од 220 kw, кои се економични и пред се еколошки.

На свечената манифестација, на градоначалничката на Тетово, г-ѓа Арифи од претставникот на Аутомакедонија и беше врачена специјална плакета, а на граѓаните на Тетово им беа посакани безбедни и безгрижни патувања.