fbpx

ISUZU

AУТОМАКЕДОНИЈА Е ОВЛАСТЕН УВОЗНИК И СЕРВИСЕР НА ISUZU

Аутомакедонија на пазарот во нашата земја, оперира како овластен увозник, дистрибутер и сервисер на возилата од Јапонскиот бренд – ISUZU.

Центарот за продажба на ISUZU е сместен во Мулти бренд комплексот на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, на бул. Борис Трајковски бр 21, во непосредна близина на спортската сала Расадник.

Во него ќе можете да ги добиете сите потребни информации за пикап камионетите (ISUZU D-Max), камионите од 3.5 до 14 тони (бруто маса) и автобусите од палетата на ISUZU Anadolu.

На локацијата, заедно со нашите продажни експерти, можете да направите и тест возење, како и да ги добиете најконкурентните понуди за финансирање (лизинг, кредит).

Заедно пак со колегите од нашата компанија Ауто 1 Рент, можете да добиете конкурентна понуда за долгорочен деловен закуп, со месечна закупнина во која се вклучени и сите трошоци.

За совршен комфор, во комплексот се сместени и станица за технички преглед на АМ ЦЕРТ, во која веднаш можете да направите технички преглед, регистрација со шалтер на МВР, а во експозитурата на АМ БРОКЕР да извадите полиса за АО, каско, патнички и други видови осигурување.

ОВЛАСТЕН СЕРВИС ЗА ISUZU

Сервисот на ISUZU во мрежата на Аутомакедонија е сместен во Мулти бренд комплексот во поранешна Стакларница, на адреса : Бул. Борис Трајковски 202 Б, во Скопје.

Во сервисот можете да добиете комплетна сервисна поддршка на вашите возила од гамата на ISUZU.

Во комплексот е сместена  и станицата за технички преглед и регистрација на патнички, товарни возила и автобуси на АМ ЦЕРТ, во која можете да извадите и полиси за осигурување од сите осигурителни компании во земјата.

ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

За возилата од гамата на Исузу, во Аутомакедонија можете да добиете оригинални резервни делови, со гаранција на квалитетот и вградувањето.

КОНТАКТ ЦЕНТАР

Повеќе информации за возилата на ISUZU можете да добиете на те. 02 3103 130, 3103 265, или на е-mail : isuzu@automakedonija.com.mk