fbpx

PIAGGIO Commercial

AУТОМАКЕДОНИЈА Е ОВЛАСТЕН УВОЗНИК И СЕРВИСЕР НА PIAGGIO

Аутомакедонија на пазарот во нашата земја, оперира како овластен увозник, дистрибутер и сервисер на возилата од Италијанскиот производител – PIAGGIO Commercial.

Центарот за продажба на возилата од гамата на PIAGGIO Commercial е сместен во Мулти бренд комплексот на Аутомакедонија, во населбата Кисела Вода, на бул. Борис Трајковски бр 21, во непосредна близина на спортската сала Расадник.

Со продажните експерти на Аутомакедонија можете да поразговарате и да ги добиете најдобрите понуди за возилата на PIAGGIO Commercial (шасија и надградби кои совршено одговараат на Вашите потреби).

Исто така, во салонот на Аутомакедонија можете да го најдете и најдоброто решение за финансирање на Вашата флота (кредит, финансиски или оперативен лизинг) во соработка со домашните финансиски институции.

За совршен комфор, во комплексот се сместени и станица за технички преглед на АМ ЦЕРТ, во која веднаш можете да направите технички преглед и регистрација со шалтер на МВР, а во експозитурата на АМ БРОКЕР да извадите полиса за АО, каско, патнички и други видови осигурување.

ОВЛАСТЕН СЕРВИС ЗА PIAGGIO COMMERCIAL

Сервисот на PIAGGIO Commercial во мрежата на Аутомакедонија е сместен во Мулти бренд комплексот во поранешна Стакларница, на адреса : Бул. Борис Трајковски 202 Б, во Скопје.

Во сервисот можете да добиете комплетна сервисна поддршка на вашите возила од гамата на PIAGGIO.

Во комплексот е сместена  и станицата за технички преглед и регистрација на патнички, товарни возила и автобуси на АМ ЦЕРТ, во која можете да извадите и полиси за осигурување од сите осигурителни компании во земјата.

 

ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

За возилата од гамата на PIAGGIO Commercial, во Аутомакедонија можете да добиете оригинални резервни делови, со гаранција на квалитетот и вградувањето.

КОНТАКТ ЦЕНТАР

Повеќе информации за возилата на PIAGGIO можете да добиете на те. 02 3103 130, 3103 265, или на е-mail : kontakt@automakedonija.com.mk