fbpx

ИЗНАЈМУВАЊЕ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

ИЗНАЈМУВАЊЕ НА САЛОНИ И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

Во долгиот временски период зад себе, Аутомакедонија има создадено и континуирано создава сериозна инфраструктура на објекти и деловни центри, со кои се зголемува нејзината вредност. Дел од објектите, со кои располага фирмата се изнајмува.

Еден од нив е и деловниот центар на Аутомакедонија во Скопје, на Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.20, спроти старата Железничка станица, кој беше целосно реновиран во 2019 година. Зафатот oпфати целосна промена на фасадата, столаријата и прозорите кои објектот го направија исклучително енергетски ефикасен, а беше поставен и сосема нов систем на греење и ладење.

Реновирани и освежени беа и канцелариите во ентериерот.

Во деловната зграда на три ката, се изнајмуваат – продажни салони, канцеларии, магацински простор.

ИЗНАЈМУВАЊЕ НА САЛИ ЗА СОСТАНОЦИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ

Во деловниот центар на Аутомакедонија во Скопје, се изнајмува и комплетно опремена сала за состаноци и презентации.

Салата има капацитет од 50 луѓе, опремена е со инфраструктура (маси и столчиња), сопствено озвучување (микрофони и звучници) и опрема за видео презентирање (видео бим). Во големото лоби пред салата, постои можност за организирање кетеринг (шведска маса).

Сали за состаноци од помал капацитет, за тренинзи и менаџерски состаноци се изнајмуваат и во седиштето на Аутомакедонија во населбата Автокоманда. Истите се опремени со мебел, опрема за визуелно презентирање (ТВ и видео бим), флип чарт табли…

Согласно потребите на клиентите, може да се обезбедат и услуги од типот – кафе паузи, кетеринг, шведска маса, симултан превод и удио опрема.

 

ИЗНАЈМУВАЊЕ НА НОВ ОБЈЕКТ ВО ЗЛОКУЌАНИ

Аутомакедонија е во изградба на нов објект во населбата Злокуќани (Ул. Скупи), во непосредна близина на продажниот комплекс Хубо.

Овој објект, целосно или на сегменти, по комплетирање на изградбата ќе биде даден под закуп.

КОНТАКТ ЦЕНТАР

За повеќе информации, ве очекуваме на тел. 02 3103 130 или на е-mail : kontakt@automakedonija.com.mk