Успешната приказна продолжува: повеќе од 300.000 произведени Корси!

Успешната приказна продолжува: повеќе од 300.000 произведени Корси!

 

Opel Corsa-e, Sommer 2020

Новата Corsa беше и останува гаранција за успех на Opel!

Од своето лансирање на крајот во 2019 година, па до денес, Corsa се истркала од производствената лента во фабриката во Зарагоса повеќе од 300.000 пати, за да биде испорачана до крајните купувачи ширум светот.

За овој период Corsa се покажа како вистински победник, собирајќи повеќе значајни награди и стана најпродаван автомобил во Германија за 2020 година во сегментот на мали автомобили, а и оваа година го задржува првото место во сегментот.

Corsa одлично се продава и надвор од Европа, триплирајќи ја меѓународната продажба во изминатата година, а трендот продолжува и во 2021.

 

Одлична можност да ја избереш твојата нова Corsa

 

Овој градски автомобил им овозможува пристап на купувачите до технологии и иновации кои вообичаено ги среќаваме во повисоките сегменти. Водечка технолологија се адаптивните IntelliLux LED® matrix светла кои Opel за прв пат ги воведува во сегментот на мали возила. Дополнително Corsa доаѓа и со многу безбедносни системи – детекција на сообраќајни знаци, детекција на пешаци и велосипедисти, автоматско кочење во итни случаи и Lane Keep Assist.

Закажи тест возење тука