Сервисни услуги

ПРОФЕСИОНАЛЕН СЕРВИС ЗА СИТЕ ВИДОВИ И МАРКИ НА ВОЗИЛА

Аутомакедонија располага со професионална мрежа на сервисни центри во Скопје и Битола, во која на своите клиенти (физички и правни лица) им нуди комплетна услуга за сите видови и марки на возила.

Сервисните центри на Аутомакедонија се овластени за одржување и сервисирање на патнички и лесни комерцијални возила од палетата на :

  • ОPEL
  • ISUZU
  • CHEVROLET

Но со помош на модерните сервисни центри, комплетно опремени со специјални и универзални дијагностички инструменти, специјален алат, опрема и професионалци со долгогодишно искуство во сервисирањето, Аутомакедонија го нуди и најпрофесионалниот :

  • МУЛТИ БРЕНД Сервисен ценар

во кој се гарантира одржување и сервисирање на сите видови патнички и лесни комерцијални возила.

Во Сервисниот центар на Аутомакедонија за товарни возила и автобуси, развиени се специјалните одделенија овластени од производителите на возила и компоненти :

  • ISUZU Камиони и пикап камионети
  • ISUZU Автобуси
  • WABCO Специјални системи
  • YUTONG Автобуси

Како и Мулти бренд сервисот за сите видови и марки на камиони, автобуси, градежна механизација, специјални машини и опрема.