MULTI BRAND

Професионален Мулти бренд сервис за сите видови и марки на возила

Сервисната мрежа на Аутомакедонија, располага со богата традиција на професионално дијагностицирање, одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила на пазарот.

На 4 сопствени локации, 3 во Скопје и 1 во Битола, Аутомакедонија поседува модерна и комплетн опремена мрежа на сервиси во која клиентите може да добијат – комплетна, професионална, поволна и ултра квалитетна услуга.

 

Што можете да направите во Аутомакедонија?

Во мултибренд сервисните центри на Аутомакедонија можете да добиете :

  • Комплетна компјутерска дијагностика на возилото
  • Отстранување на најсложени дефекти
  • Редовно одржување
  • Професионален сервис за сите видови и марки на возила
  • Каросериски поправки и фарбање
  • Монтажа на уреди за автоплин
  • Монтажа и балансирање на гуми
  • Подесување на геометрија на тркалата (центрирање)
  • Менување на стакла
  • Монтажа на клима и заштитни фолии
  • Монтажа на аудио и навигациска опрема
  • Дијагностика и сервис на клима уреди…

Гаранција на квалитетот

Во тимот на Аутомакедонија се ангажирани врвни професионалци (машински и електро инжинери, механичари, електроничари, авто лимари и лакери) кои имаат долгогодишно искуство во работата и бројни специјализирани курсеви и обуки зад себе.

Во сервисот се употребуваат резервни делови со проверен квалитет и балансирани цени (од домашниот и странски пазар), за кои клиентите добиваат гаранција.

Квалитетот на работата, професионализмот, процедурите и стандардите ги потврдува секоја година и Германскиот гигант TUV NORD кој го проверува и сертифицира нашиот систем за менаџмент на квалитетот огласно меѓународните стандарди ISO 9001:2008.

 

Сите услуги на едно место

Во контекст на основната определба на компанијата – на нашите клиенти да им ги понудиме “Сите услуги на едно место”, во комплексот на Аутомакедонија функционира и компанијата АМ ЦЕРТ во која можете да ги добиете и следните услуги :

  • Tехнички преглед
  • Регистрација
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Дозвола за управување на туѓо моторно возило во странство
  • Хомологација
  • Атест на плински уреди и клима фолии
  • Атест на поправани и преправани возила
Во рамки на Групацијата, на истата локација, функционира и брокерското друштво – АМ БРОКЕР, во кое можете да извадите :
  • Полиса за авто одговорност
  • Полиса за каско осигурување
  • Зелен картон
  • Полиса за осигурување на патници

Сервисниот центар на Аутомакедонија е сместен во населбата Автокоманда во Скопје (16 Македонска Бригада бр.2), спроти Шумарскиот факултет.

Дополнителни информации и закажување на сервисен термин на тел. 02 3103 130 или на e-mail : kontakt@automakedonija.com.mk