CHEVROLET

АУТОМАКЕДОНИЈА Е ОВЛАСТЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР НА CHEVROLET ЗА МАКЕДОНИЈА 

Сервисниот центар на Аутомакедонија во Скопје е овластен и максимално опремен за одржување и сервисирање на сите возила од гамата на CHEVROLET во Македонија.

Во сервисниот центар на Аутомакедонија за вашето CHEVROLET возило можете да направите професионална :

  • Koмпјутерска дијагностика
  • Отстранување на најсложени дефекти
  • Редовно и вонредно одржување
  • Механички и електронски интервенции од секаков вид
  • Дијагностика и сервисирање на клима уреди
  • Проверка и подесување на геометрија на тркалата
  • Монтажа на аларми, акустика, паркинг сензори, клима фолии
  • Монтажа на плински уреди
  • Монтажа и балансирање на гуми
  • Лимаро фарбарски интервенции
Во Сервисниот центар на Аутомакедонија се вработени голем број професионални работници со долгогодишно искуство во работата и голем број на специјалистички обуки и курсеви завршени во Академијата на GENERAL MOTORS.
Во сервисниот центар се користат оригинални резервни делови за CHEVROLET со одлични цени и 24 месечна гаранција на квалитетот.
Сервисот е снабден со сериозен магацин на резервни делови за CHEVROLET, како и за моделите од постарата генерација на брендот – DAEWOO. За деловите кои не се на залиха, логистичкиот центар во Унгарија гарантира брза испорака и одлични цени.
Сопствениците на возило од гамата на CHEVROLET може да аплицираат и за специјалната Клуб картичка со која добиваат многу поволности и бенефиции при користењето на услугите во Аутомакедонија и партнерските компании во земјата.

СИТЕ УСЛУГИ НА ЕДНО МЕСТО

Во контекст на основната определба на компанијата – на нашите клиенти да им ги понудиме “Сите услуги на едно место”, во комплексот на Аутомакедонија функционира и компанијата АМ ЦЕРТ во која можете да ги добиете и следните услуги :

  • Tехнички преглед
  • Регистрација
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Дозвола за управување на туѓо моторно возило во странство
  • Хомологација
  • Атест на плински уреди и клима фолии
  • Атест на поправани и преправани возила
Во рамки на Групацијата, на истата локација, функционира и брокерското друштво – АМ БРОКЕР, во кое можете да извадите :
  • Полиса за авто одговорност
  • Полиса за каско осигурување
  • Зелен картон
  • Полиса за осигурување на патници

Сервисниот центар на Аутомакедонија е сместен во населбата Автокоманда во Скопје (16 Македонска Бригада бр.2), спроти Шумарскиот факултет.

Дополнителни информации и закажување на сервисен термин на тел. 02 3103 130 или на e-mail : kontakt@automakedonija.com.mk