Сѐ, освен обична: Новата Opel Mokka

Сѐ, освен обична: Новата Opel Mokka

  • Чист, смел дизајн, компактни димензии, петтосед
  • Opel Vizor, Pure Panel, редизајнирано Blitz лого и централно испишано име во задниот дел 
  • Избор помеѓу електричен погон и мотори на внатрешно согорување
  • Ниво на комфор и технологија од повисоките сегменти
  • Ценовник Opel Mokka

Mokka e првиот модел, со новиот дизајнерски правец на Opel и Pure Panel.

Новата Mokka импресионира со совршените пропорции и прецизност – до најмалиот детаљ. Кратките препусти и широката поставеност се типични за смелата и чиста појава на 4.15 метри долгиот компактен петтосед. Најупадливата карактеристика на предниот дел е секако непогрешливиот Opel Vizor кој ја покрива предната маска и елегантно се интегрира во предната решетка, предните LED светла и новодизајнираната Opel молња. Името на моделот за прв пат се појавува во центарот на петтата врата со специјално дизајниран фонт.

Внатрешноста исто така ја отсликува новата дизајнерска филозофија. Новиот Opel Pure Panel интегрира два широки екрани и се фокусира на основите. Спротивно на кабините кои се натрупани со информации и контролни копчиња, Pure Panel има единствен, чист дизајн. Јасно е структуриран и веднаш разбирлив. Дизајнерите на Opel придадоа голема важност на “дигиталната детоксикација”. Со цел да се избегне одвлекување на вниманието на возачот, осигурано е лесно и интуитивно ракување со системот. Контролите на најважните функции се се’ уште на копчиња, но без непотребно навигирање во подменијата.

Чиста ефикасност: електричен погон или врвни мотори на внатрешно согорување

Новата Mokka е достапна во целосно електрична варијанта, како и со мотори со внатрешно согорување, благодарение на CMP multi-energy платформата.

Живите, но економични бензински и дизел мотори испорачуваат аутпут од 74kW (100hp) до 96kW (130hp). Умерената потрошувачка на гориво и супериорните перформанси се карактеристични за целиот ранг на мотори. Внатрешното триење и загубите се минимизирани, турбо полначот реагира веднаш, со силен развој на вртежниот момент при ниски вртежи. Моторите доаѓаат со модерен шест степен мануелен менувач или со автоматски менувач со осум степени и педали за менување на брзините.

Моќниот, скоро бесшумен електричен погон на Mokka произведува 100kW (136hp) и 260Nm вртежен момент. Во WLTP циклус, батеријата со 50kWh овозможува ранг до 324 километри, без дополнување. Батеријата доаѓа со 8 годишна гаранција од производителот или 160,000 изминати километри.

Возачите можат да бираат помеѓу 3 режими на возење – нормал, еко и спорт.

Иновации: IntelliLux LED® matrix светла, врвни системи за асистенција

Новата Mokka останува доследна на традицијата на Opel да ги направи технологиите карактеристични за повисоките сегменти достапни за широката маса на купувачи.  Овде се вклучени напредните системи како Напреден Темпомат (Аdvanced Cruise Control (ACC) и Активно позиционирање во лента (Active Lane Positioning). Системот за осветлување исто така вклучува водечки технологии со адаптивните  IntelliLux LED® matrix светла – единствени во Mokka сегментот. Сите нивоа на опрема доаѓаат стандардно со електрична парк кочница, како и со систем за препознавање на сообраќајни знаци. Задната камера со преглед од 180 степени, автоматска помош при паркирање и предупредување за возило во мртов агол се исто така достапни опции.

Новата Mokka нуди и одлични системи за поврзување и забава. Инфозабавните системи доаѓаат како Multimedia Radio и Multimedia Navi со 7.0 инчен дисплеј во боја на допир и врвниот Multimedia Navi Pro со висока резолуција и  10.0 инчен екран на допир во боја.  Екраните се дел од новиот Pure Panel и се насочени кон возачот.  Дисплејот за возачот доаѓа со големна до 12 инчи.

Одличното седење е типично за моделите на Опел. Седиштата доаѓаат во спортската алкантара или со класична кожна изведба  – што не вообичаен стандард кај автомобилите во сегментот на Mokka.  Возачот и совозачот можат да ги сместат паметните телефони во просторот во централната конзола, каде можат да се полнат безжично.