fbpx

Долгорочен закуп

Возилата се основно средство во секоја компанија за кои е потребно ангажирање на средства и вработени за да може беспрекорно да ја извршуваат функцијата за која се наменети, транспорт на луѓе и стока.

Доколку на Вашата компанија и се потребни едно или повеќе возила од марката OPEL или ISUZU  (патнички, лесни и тешки товарни возила или автобуси) за долгорочен закуп односно долгорочно користење повеќе од 1 година, АУТО 1 РЕНТ дооел Скопје е вистинското решение за Вашите потреби.

АУТО 1 РЕНТ врз основа на Вашите потреби за користење на возило нуди уникатна можност за изработка на Информативна пресметка / Понуда за закуп на возило при што во месечната закупнина се вклучени следните трошоци:

  • Трошоци за одржување и сервис (редовен сервис на возило согласно препораките на производителот, а прилагоден на предвидената километража за одреден временски период);
  • Трошоци за замена на зимски и летни гуми, монтажа, демонтажа и чување;
  • Трошоци и такси за технички преглед и регистрација на возило;
  • Трошоци за задолжително осигурување и каско осигурување;
  • Трошоци за зелен картон и трошоци за издавање на овластување за патување во странство (опционално, доколку возилото патува во странство);
  • Помош на пат

Зошто АУТО 1 РЕНТ и Зошто закуп на возило ?

  • Брза и едноставна процедура за аплицирање и одобрување;
  • Препуштете ја грижата за возилото (сервис, гуми, регистрација, осигурување и друга пропратна документација) да биде наша обврска;
  • Закупот на возило кај Закупецот се евидентира како месечен трошок кој е даночно признат, а возилото сопственост на АУТО 1 РЕНТ не се води како основно средство кај Закупецот и со тоа не влијае на амортизацијата како трошок во книгите на Закупецот;
  • Закупот не претставува финансиско задолжување за корисникот и нуди можност за дополнително задолжување на компанијата кај други финансики институции;
  • За товарни моторни возила, вклучениот 18% ДДВ во месечните закупнини може да се врати од Закупецот согласно Законска регулатива за ДДВ.

Слободно побарајте је Вашата понуда за закуп на возило уште денес и добијте ги најдобрите услови прилагодени на Вашите потреби за користење на возило.

АУТО 1 РЕНТ ви стои на рсполагање за дополнителни информации или договарање на оперативен состанок на кој ќе се договориме за нашата идна заедничка соработка.

Контакт телефон:  02/3103-130 e-mail: kontakt@automakedonija.com.mk