fbpx

Флотна продажба

Продажба на возила

Флотна продажба

Флотна продажбаАутомакедонија на своите клиенти од деловниот свет (фирми, компании, меѓународни и домашни институции) им нуди широка палета на патнички и комерцијални возила по специјални цени и услови на купување.

Нашите корпоративни понуди за поголема набавка на возила (флота), покрај специјалните попусти на цените кои заеднички ги преговараме со нашите добавувачи, содржат и специјални пакети за финансирање (кредит или оперативен и финансиски лизинг), како и специјални цени и услови на одржување и сервисирање на возниот парк.

На нашите флотни клиенти им ја ставаме на располагање и функционалноста на нашата Групација, во која може да добијат и технички преглед, регистрација, атести и документи, комплетно осигурување на возилата (авто одговорност, каско, зелен картон)…


Како резултат на нашата инфраструктура, опременост и искуство во дејноста, можеме да Ви понудиме и комплетно аутсорсирање на сите работи поврзани со Вашиот возен парк. Набавката, одржувањето, сервисирањето, регистрирањето и другите законски обврски кон државата, контролата на возилата и репортингот може да бидат комплетно наша грижа. Со нашата работа, директно ќе го намалите вашиот личен ангажман, ќе имате комплетна контрола врз возниот парк и трошоците кои истиот ги апсорбира, ќе се заштите од непланирани казни и на крајот, ќе ги намалите вашите оперативни трошоци.

Закажете состанок со нашите менаџери и уверете се во сите можности и предности на нашите понуди :

Teл. 02 3103 130, kontakt@automakedonija.com.mk