Пристигна новото Combo

Новото Opel Combo во ван верзија, кое беше избрано за ван на годината “Van of the year 2019”, пристигна во салонот на Аутомакедонија.

Со промотивната акција, најновиот ван на Opel можете да го добиете за цена од 12.900 евра + ддв (данокот на додадена вредност за товарните возила е повратна ставка за компаниите).

Моделот со зафатнина од 1,5 литри, со дизел мотор со моќност од 75 коњски сили во верзијата L1H1, со selection пакет, доаѓа со сериска орема во која се вградени :

  • ABS
  • ESP
  • HHS (систем за полесно стартување на угорница)
  • серво волан
  • воздушно перниче за возач
  • електрика на предни прозори

како и специјалниот пакет со клима уред и радио со 4 звучници.

Најновиот ван на пазарот, со бројни признанија во Европа, можете да го набавите и со одлични пакети на финансирање (финансиски и оперативен лизинг).

За повеќе информации, посетете го салонот на Аутомакедонија во населбата Автокоманда, или побарајте не на тел. 02 3103 130