Компаниите кои имаат потреба од функционално возило за комбинирана намена – превоз на повеќе патници и товар, идеално решение може да најдат во моделот OPEL VIVARO Crew Van.
Моделот може да се избере во две должини, со максимален капацитет на превоз до 6 патници и богат простор за товарање поставен зад вториот ред седишта. Лесниот пристап во задниот ред седишта – преку лизгачката задна врата, и богатиот простор во кој може да се одложи работната опрема – го прави ова возило идеално за потребите на – градежни фирми, инжинерски екипи, комунални претпријатија, здравствени институции, безбедносни агенции и институции…
Моделот располага со многу опрема (стандардно и во опционали) како и со економични и моќни дизел мотори.