Новата генерација на модерниот семеен автомобил – OPEL ZAFIRA во својата класа и понатаму останува највредниот и најбараниот модел во Европа.
Новата ZAFIRA е атрактивно градена, гордо ги носи основните дизајнерски елементи на новата генерација на возилата на OPEL, a патентираниот систем FLEX 7 Plus му дава на моделот можност за превезување на 7 патници. Возилото со 7 седишта, едноставно се трансформира во модел со 5 седишта, при што на патниците им останува капацитет за багаж од фантастични 1.860 литри.
Во новата ZAFIRA се вградени моќните и економични бензински и дизел мотори, како и бројните системи, веќе препознатливи во автомобилите на OPEL – како AFL технологија на предните светла со LED компоненти, Оpel Eye системот за препознавање сообраќајни знаци, прилагодливиот темпомат, атрактивниот Intellilink инфотејнмент систем, системот за навигација, ергономски сертифицираните седишта…